Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Прославување на нова година во Делчево

Печати PDF

 

Thumbnail image

Со повеќедневно прославување во Делчево беше одбележан крајот на 2010 година и почетокот на 2011-та.

Празнувањето започна со оние кои најмногу и се радуваат на прославата по повод Нова Година и на доаѓањето на Дедо Мраз.

Thumbnail imageThumbnail image

Дечињата од Детската градинка „Весели Цветови“ во Делчево, традиционално и оваа година најпрви го пречекаа Дедо Мраз, кој им подари новогодишни пакетчиња, во рамките на новогодишната програма која тие (дечињата) заедно со вработените во оваа предшколска установа им ја приредија на родителите. Оваа новогодишна програма се реализираше во тек на два дена, во кои присутните родители се уверија во стекнатите знаења на своите дечиња, пренесени, низ оро, игра, песни и смеа.

Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail imageThumbnail image
Thumbnail imageThumbnail image

Главното празнување и оваа година како и минатата се случуваше на градскиот плоштад во Делчево, кај новогодишната елка, пред Спомен-домот „АСНОМ“. Повторно и тука главна атракција беше Дедо Мраз кој пристигна со својата кочија токму на пладне на 31.12.2010 год. и на сите присутни дечиња им влеа среќа во очите и радост во срцата.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

На сите присутни дечиња Дедо Мраз им подари новогодишно пакетче и воедно им посака, здравје, среќа, како и  успех во учењето и животот . Во текот на делењето на пакетчињата беше прикажана богата културн-уметничка програма, за која се погрижија дечињата од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, кои испеаја многу новодогишни песнички и учениците од ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, кои прикажаа дел од својот театарски и музички репертоар-подготвен под менторство на нивниот наставник, во рамките на часовите по англиски јазик.

Thumbnail imageThumbnail imageThumbnail imageThumbnail image

Оваа прослава беше организирана од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски и вработените во ЕЛС Делчево, во соработка со големиот број на стопанственици од приватниот сектор од општина Делчево, советниците при Советот на Општина Делчево, раководителите на јавните институции, како и други правни и физички субјекти, кои беа донатори на новогодишните пакетчиња. Волонтерите од Младинскиот парламент на Општина Делчево се погрижија секое од присутните деца да добие новогодишно пакетче.

Thumbnail imageThumbnail image

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес988
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6668
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45549
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301075

Присутни online: 41
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020