Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Учество на општина Делчево на 4-тиот саем за рецептивен туризам во Охрид

Печати PDF

Thumbnail image

Претставници од Општина Делчево учествуваа на 4-тиот Саем за рецептивен туризам кој се одржа во Охрид, од 17 до 19 јануари 2011 год. Саемот беше во организација на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот во Република Македонија, под покровителство на Премиерот на Владата на Република Македонија, г-динот Никола Груевски.

Thumbnail imageThumbnail image

Општина Делчево на овој саем се претстави со свој штанд заедно со општина Пехчево, во чии рамки на заинтересираните посетители на саемот им беше поделен промотивен материјал, од туристичката понуда на општина Делчево, беа прикажани промотивни видео материјали од општина Делчево, а  беа понудени и голем број на производи од богатиот асортиман на млекарницата „Рудине“ во Делчево, преку нивниот маркетинг агент во Охрид. Штандот на општина Делчево и на  општина Пехчево беше еден од најпосетуваните и предизвика огромно внимание на присутните, кои беа воодушевени од разновидноста, но и квалитетот на туристичката понуда на овие две општини. Заедничкиот настап на овој саем беше пречекан со воодушевување, со оглед на компетитивноста која постои помеѓу соседните општини на полето на туризмот во Македонија.

Thumbnail imageThumbnail image

Во рамките на саемот беа остварени многубројни контакти со останатите излагачи, но и со тур-операторите кои беа присутни на ова саемско излагање и беа заинтересирани да се запознаат со Пијанечкиот регион, потенцијалите кои тој ги нуди во однос на туристичката понуда, како и можните облици на соработка кои општина Делчево ги нуди на тој план. За многу од странските, но и домашните тур-оператори регионот на Пијанец и општина Делчево е голема енигма во однос на туристичката понуда, така што најавената презентација за вториот саемски ден беше очекувана со  нетрпение и љубопитност.

Thumbnail image

Презентацијата насловена како "Пијанец-крстопат меѓу истокот и западот- Туристичка понуда на општина Делчево", беше презентирана во попладневната форумска сесија од вториот саемски ден и истата беше номинирана од страна на организаторите за една од најинтересните презентации на саемот. По завршувањето на презентацијата, на воодушевување на сите присутни во конгресната хала, настапи Фолклорната група „КОПАЧКА“ од с.Драмче, со дел од својот фолклорен репертоар и неповторливото и оригинално истоимено оро како името на групата "Копачка" -Првиот македонски фолклорен бренд-кој во иднина би го понел товарот на промоција на Пијанец и општина Делчево, во државни, балкански и светски рамки.

"Духот на Пијанец" го освои вниманието на сите присутни и достојно го презентираше живото културно наследство на овој микро-регион, богатство со кое Делчево е уникатно и препознатливо.

Thumbnail image

Наредниот ден учесниците на саемот беа поканети да присуствуваат на големата манифестација по повод Православниот христијански празник Водици крај пристаништето во Охрид.

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2223
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7244
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65430
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320956

Присутни online: 39
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020