Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Тековни конкурси

IMG 0075_resize

Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо од Делчево објави оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2012-2013 година.

Читај повеќе...
 
Thumbnail image Thumbnail image  
Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево
Читај повеќе...
 
ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО
Читај повеќе...
 

Пријавување



Започна изградбата на спортската сала во Делчево

Печати PDF
Со поставување на камен-темелникот и со сите верски обреди денеска во Делчево и официјално започна изградбата на училишната спортска сала, како дел од Проектот на Владата за изградба и обновување на 145 спортски сали во државава. Салата е лоцирана во дворот на средношколскиот училишен центар „Методи Митевски - Брицо“. Првите лопати бетон во темелот ги фрлија министерот за образование, Перо Стојановски и градоначалникот на Делчево Горан Малешевски.
- Денеска започнуваме со изградбата на десеттата сала од рамките на Проектот на Владата за изградба на 145 сали со што Владата на РМ ги продолжува напорите кон изградба на вистински личности, личности кои ќе можата да се носат со предизвици во животот и истовремено да го гајат натпреварувачкиот дух бидејќи животот е натпревар, рече Перо Стојановски, министер за образование и наука.
- Делчево одамна има потреба од една ваква функционална спортска сала. Задоволен сум што салата ќе биде завршена во мојот мандат, односно на почетокот на школската година училиштето ќе има спортска сала, сала која ќе биде во функција на сите жители на Делчево, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Малешевски.
Инаку, спортската сала е со површина од 1300 м2 и со 400 седишта, а изведувач на работите е ГД „Гранит“. Градежните работи треба да завршат за 4 месеци. Вкупната вредност на проектот кој е еден од најголемите проекти на Владата е 58 милиони евра, а делчевската сала чини 600 илјади евра и е 10-та сала која се гради во Македонија.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес78
mod_vvisit_counterВчера525
mod_vvisit_counterОваа недела2056
mod_vvisit_counterПретходна недела2382
mod_vvisit_counterОвој месец6541
mod_vvisit_counterПретходен месец11110
mod_vvisit_counterВкупно459000

Присутни online: 10
Ваша IP: 38.107.179.208
,
Денес: Мај 19, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.