Добредојдовте !!!
Почитувани пријатели
Gradonacalnikot Goran Malesevski
На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
Читај повеќе...
Конкурси
На конкурсот за доделување на стипендии за студенти и ученици објавени се резултатите од изборот...
Читај повеќе...
 

За доделување на стипендии:

ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Читај повеќе...
 
ЗА СТУДЕНТИ
Читај повеќе...
 
Соопштенија

BAby1

 Парична помош за секое ново родено бебе

Читај повеќе...
 

ПРОЕКТ ЧЕШМИ
во
Делчево и Делчевско

НАША ИНИЦИЈАТИВА:

ПРИЈАВЕТЕ ЧЕШМИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО.

ДОНЕСЕТЕ ВО ОПШТИНАТА, ИЛИ ПРАТЕТЕ НИ ПО E-MAIL СТАРИ СЛИКИ ОД ВАШИТЕ ПРЕДЛОГ ЧЕШМИ ЗАЕДНО СО ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ИСТИТЕ СО ШТО КЕ ЗЕМЕТЕ АКТИВНО УЧЕСТВО И ПРИДОНЕС КОН ОВОЈ ПРОЕКТ.
Читај повеќе...
 
Следете не на:
  
Посетеност
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес397
mod_vvisit_counterВчера328
mod_vvisit_counterОваа недела1719
mod_vvisit_counterПретходна недела2771
mod_vvisit_counterОвој месец4490
mod_vvisit_counterПретходен месец13073
mod_vvisit_counterВкупно35573

Присутни online: 11
Ваша IP: 38.107.191.118
,
Денес: Мар 12, 2010

Како што претходно беше најавено во организација на ЕЛС на Општина Делчево во соработка со Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров и локални здруженија на граѓани се реализираа низа на активности за одбележување на "Првиот ден на Македонија во Европа без визи".

 

Во саботата (19.12.2009 год) утрото со почеток во 09:00 часот започна најавениот Планинарски марш на Планината Голак. Стартот беше пред Домот на културата во центарот на градот. Помеѓу присутните 25 учесници (граѓани, ученици, градоначалникот г-дин Горан Малешевски како и вработени

во Локалната самоуправа и училиштата во градот) на овој рекреативен настан видливо беше расположението и спремноста да се изведе, овој, сепак смел потфат да се искачат на врвот на Голак. Постои расположение и идеја оваа практика да продолжи и понатаму со рекреативни посети на сите позначајни места и локалитети во Општината Делчево, со цел на запознавањето на граѓаните на Делчево со убавините што им ги пружа Пијанец како и промоција на истите во пошироки рамки.

 

"Овој ден е особено значаен за Македонските граѓани кои на еден начин го добиваат заслуженото место во Европската унија, местото каде Македонија всушност и припаѓа"- рече пред почетокот на Маршот, градоначалникот на Општина Делчево г-динот Горан Малешевски. "Ова е историски ден за сите граѓани на Македонија и Општина Делчево. Работата и спроведените потребни реформи од страна на сите државни институции, од донесувањето на законите и нивно доследно имплементирање во практика, не е заслуга само на одредена група на луѓе, туку тоа е резултат на општа подреденост на сите граѓани на Македонија кон заедничката цел: целосно членство на Македонија во Евро-атланските интегративни процеси (НАТО и ЕУ)"-конкретизираше во својата изјава градоначалникот.

На присутните учесници во маршот им се поделија маички со грбот на Општина Делчево и знамето на Европската унија кои за оваа пригода специјално беа направени. Планинарскиот марш траеше 3.5 часа, а на крајот на врвот на Голак на учесниците им се подели топла напивка, како и закуска и други безалкохолни пијалоци.Воедно ова беше добра прилика за дружење на граѓаните на општината со  вработените во општинската администрација како и со градоначалникот кој со личен пример покажа дека спортско-рекреативниот дух треба да се негува и надградува постојано, не само помеѓу помладата генерација.

Во попладневните часови со почеток во 18:00 часот во Малата сала на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров (која навистина беше мала да ги собере сите гости и посетители), се одржа пригодна културно-уметничка програма во организација на Центарот за култура Н.Ј. Вапцаров во соработка со Локалната самоуправа на Општина Делчево. Најпрво до присутните стигнаа честитките за успехот на Македонија и нејзините граѓани ов европските стремежи на државата, од страна на директорот на Центарот за култура г-динот Љупчо Петровски.Настапија повеќе секции кои активно работат во рамките на програмските активности на Центарот за култура, како и уметници и групи од Делчево и Делчевско. Ваков масовен настан од поодамна немаше во Делчево што од една страна е за поздравување, но сепак и поттик за достигнување на повисоки стандарди во реализацијата на вакви културни настани.Делчево празнуваше на достоинствен начин заедно со сите граѓани на Македонија.

Ваши прашања

Prasajte go gradonacalnikot1

Преведи сајт
Macedonian Albanian English French German Italian Spanish
Четата одбор јунаци
група Пијанечки бисери од ДелчевоПесна посветена на последната Пијанечка чета кои загинале 1933 год. кај с. Драмче

Архива
Анкета
Дали Ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот?
 
Линкови