
Ние на Интернет:
|
|
Blogger | Dailymotion | YouTube | MySpace |
Следете не !

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ НА НАШАТА ОПШТИНА.


Дневна Пред-новогодишна прослава за младите од Делчево

По повод новогодишните празници на 31.12.2009 год. ЕЛС на Општина Делчево организираше дневна новогодишна прослава на плоштадот пред Домот за култура Н.Ј.Вапцаров, крај новогодишната елка во центарот на градот.
Забавата започна во 10:00 часот претпладне со емитување на детски новогодични песнички. Истовремено низ градот со кочија полна со подароци се возеше Дедо Мраз кој ги поздравуваше граѓаните на Општината, кој потоа кон пладне пристигна на местото на прославата помеѓу реката на дечиња кои беа дојдени заедно со своите родители и дедовци и баби и уживаа во прекрасната предновогодишна атмосфера.

Прославата продолжи со исполнување на детски музички хитови од деца изведувачи кои имаат учествувано на општинскиот фестивал на детска песна "Пијанечки Бисери". Воедно на СИТЕ присутни деца Дедо Мраз им подели пакетчиња и играчки, првенствено на дечињата од 1-во до 4-то одделение, децата од Центарот за лица со посебни потреби, а потоа и на сите останати кои присуствуваа на оваа забава. На лицата на сите деца беше забележително задоволството што Дедо мраз токму нив им подари пакетче, а не изостанаа и убавите желби на дечињата.

Дефинитивно ова е практика која мора да продолжи и понатаму да се спроведува. Оваа прослава беше реализирана по директна иницијатива на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски и Советот на Општина Делчево, а во соработка со голем број на претпријатија и приватни стопанственици од Општина Делчево



































































