Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Централна прослава за нова година на Градскиот плоштад во Делчево

Печати PDF
Вечерта на 31.12.2009. год на Градскиот плоштад во Делчево се одржа централната прослава за Нова година во организација на ЕЛС на Општина Делчево и ЗГ Младински Совет од Делчево. Официјалната програма започна во 21:00 часот со емитување на познати домашни и светски хитови ремикси и оригинал со DJ Zendal. Атмосферата ја достигна својата кулминација кон полноќ кога започна одбројувањето на последните секунди од старата 2009 год. кога над небото над Делчево заблеска прекрасен огномет.
  

 

Потоа програмата на прославата продолжи (сега во новата 2010 год) со настапите на Боби и Атанаска (модерен балет) пејачката Марија и настапот на Групата Red Rose кои отсвиреа дел од својот репертоар на песни но и познати домашни и странски рок хитови. По нивниот еуфоричен настап следуваа настапи на Локални делчевски DJ-и -Ивица Пецовски (Rap i Hip-hop) и Shuffle Preset (electro pop). Забавата продожи до  2:30  по полноќ во новата година кога силите на целата публика беа при крај и полека го напуштаа градскиот плоштад.

 

Дефинитивно ова беше ноќ за паметење и достоен начин за одбележување на преминот на старата кон новата година. Граѓаните на Општина Делчево кои во огромен број беа присутни на прославата на плоштадот во секој поглед позитивно реагираа на овој организиран јавен дочек на директна иницијатива на Градоначалникот на Општината г-дин Горан Малешевски кој за време на прославата беше присутен на градскиот плоштад и им ја честиташе новата година на сопствените сограѓани со желби за поуспешна 2010 година исполнета пред се со здравје, среќа и љубов, работа и благосостојба.
СРЕЌНА НОВА 2010 ГОДИНА !!!
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес227
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела2225
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец4715
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно420623

Присутни online: 14
Ваша IP: 38.107.179.207
,
Денес: Фев 10, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.