Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Пристап до финансии во услови на рецесија

Печати PDF
 На 16 декември 2009, во Виница се одржа  регионална конференција на финансиската платформа на тема “Пристап до финансии во време на рецесија”, со цел да се информираат компаниите низ Македонија и да ги зголемат своите можности да пристапат до финансии. На оваа конференција зедоа учество претставници на бизнис секторот од општините Делчево, Виница, Пехчево и Берово.
Претставници на водечките македонски банки и финансиски институции, (вклучително и Македонската банка за поддршка на развојот, Hypo Аlpe Аdria, Стопанска банка и штедилницата Можности) ги презентираа своите финансиски производи и услуги за корпоративно финансирање на повеќе од 50 компании од четирите општини. Kонференцијата е организирана од страна на УСАИД Проектот за конкурентност, во соработка со одделенијата за локален економски развој од Делчево, Берово, Виница и Пехчево.
Оваа конференција претставува дел од финансиската платформа на УСАИД Проектот за конкурентност, која им помага на компаниите успешно да ги задоволат финансиските потреби, притоа овозможувајќи раст на бизнисот. Со помош на финансиската платформа на УСАИД Проектот за конкурентност, компаниите развиваат инвестициски стратегии за пристап до голем број на финансиски производи и услуги, вклучително и комерцијални заеми и финансирање со сопственички удел. Понатамошни информации на http://www.mcp.org.mk/
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес227
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела2225
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец4715
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно420623

Присутни online: 10
Ваша IP: 38.107.179.206
,
Денес: Фев 10, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.