
На новогодишната ноќ Градоначалникот г-дин Горан Малешевски, ги посети припадниците на Територијалната Противпожарна единица, Службата на Граничната полиција на граничниот премин со Р.Бугарија и Подрачната единица на МВР во Делчево, кои на новогодишната ноќ беа на извршување на своите работни задачи, и прв им посака Среќна Нова 2010 година и успех на нивните работни места.
На припадниците на Граничната полиција на граничниот премин на Македонско-бугарската граница Градоначалникот им подари телевизор, додека Персонален компјутер беше подарен на Територијалната противпожарна единица, а печатач на Полициската станица во Делчево.





На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.























