Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Празнување на "Водици" во Делчево

Печати PDF
Во вторникот 19.01.2010 год. на христијанскиот празник Св.Јован Крстител, се одржа традиционалното осветување на водите на река Брегалница и  фрлањето на светиот крст.Овој пресветол чин го изврши неговото првосвештенство  г-дин Атанас Поповски. Најсрекниот помеѓу кандидатите кои учествуваа во фаќањето на светиот крст во водите на река Брегалница во центарот на градот беше Сашко Георгиевски.
Тој помеѓу триесетина верници кои влегоа во студените води на реката ја имаше среќата оваа година да биде носител на крстот. Помеѓу првите кои му честитаа на Сашко беше и Градоначалникот на Општина Делчево г-динот Горан Малешевски, кој присуствуваше на овој значаен настан од верскиот календар на Македонската Православна Црква. Исто така во посета на Делчево беа двајца гости-пратеници во Собранието на Република Македонија: г-дин Цветан Трипуновски и г-дин Зоран Петрески, кои заедно со Градоначалникот и сите граѓани на Општината го проследија овој настан. По завршувањето на овој настан кој го проследија масовно повеќе граѓани на општината, Градоначалникот заедно со гостите-пратеници, ја посетија црквата св.Богородица, каде запалија свеќи и се помолија во чест на овој празник.

На срекниот Сашко Георгиевски, Градоначалникот му подари телевизор, по приемот и краткиот разговор во просториите на ЕЛС. 
TV krst
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес175
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела2173
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец4663
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно420571

Присутни online: 20
Ваша IP: 38.107.179.210
,
Денес: Фев 10, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.