Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Свечен настан по повод завршувањето на проектот „Санација на канализација во детска градинка Весели цветови“

Печати PDF

На 18.01.2010 година (понеделник) со почеток во 14 часот беше организиран свечен настан по повод завршувањето на проектот „Санација на канализација во детска градинка Весели цветови“.

Проектот беше финансиран од Германската амбасада во Скопје во износ од

7300 евра и кофинансиран од буџетот на општина Делчево во износ од 1800 евра и истиот се спроведуваше во периодот ноември-декември 2009 година.На настанот по повод завршувањето на проектот присуствуваа Градоначалникот на општина Делчево, двајца претставници од Германската амбасада во Скопје, двајца претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип, изведувачот на градежните работи и вработени во општина Делчево кои беа директно вклучени во имплементацијата на проектот. Настанот започна со прием во канцеларијата на Градоначалникот каде беа разменети информации околу тековниот и можни идни заеднички проекти. Потоа беше посетена детската градинка „Весели цветови“ каде најмалите низ песнички за екологијата ја изразија својата благодарност за решавањето на проблемот на излевање на фекалните води во дворот на градинката. Својата благодарност ја изрази и директорката на детската градинка, г-ѓа Магда Видимлиска со порака за спроведување и на други заеднички проекти.   

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес227
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела2225
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец4715
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно420623

Присутни online: 16
Ваша IP: 38.107.179.209
,
Денес: Фев 10, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.