Добредојдовте !!!
Почитувани пријатели
Gradonacalnikot Goran Malesevski
На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
Читај повеќе...
Конкурси
На конкурсот за доделување на стипендии за студенти и ученици објавени се резултатите од изборот...
Читај повеќе...
 

За доделување на стипендии:

ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Читај повеќе...
 
ЗА СТУДЕНТИ
Читај повеќе...
 
Соопштенија

BAby1

 Парична помош за секое ново родено бебе

Читај повеќе...
 

ПРОЕКТ ЧЕШМИ
во
Делчево и Делчевско

НАША ИНИЦИЈАТИВА:

ПРИЈАВЕТЕ ЧЕШМИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА ВО ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО.

ДОНЕСЕТЕ ВО ОПШТИНАТА, ИЛИ ПРАТЕТЕ НИ ПО E-MAIL СТАРИ СЛИКИ ОД ВАШИТЕ ПРЕДЛОГ ЧЕШМИ ЗАЕДНО СО ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ИСТИТЕ СО ШТО КЕ ЗЕМЕТЕ АКТИВНО УЧЕСТВО И ПРИДОНЕС КОН ОВОЈ ПРОЕКТ.
Читај повеќе...
 
Следете не на:
  
Посетеност
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес291
mod_vvisit_counterВчера340
mod_vvisit_counterОваа недела970
mod_vvisit_counterПретходна недела2771
mod_vvisit_counterОвој месец3741
mod_vvisit_counterПретходен месец13073
mod_vvisit_counterВкупно34824

Присутни online: 9
Ваша IP: 38.107.191.119
,
Денес: Мар 10, 2010

Во четврток 04.02.2010. год. во организација на Општина Делчево и Градоначалникот г-дин Горан Малешевски во Делчево се одбележа роденденот на македонскиот револуционер, идеолог и еден од најистакнатите водачи на Македонското револуционерно движење кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-от век на овие простори- Гоце Делчев.

Пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот се одржа пригодна свеченост на полагање на свежо цвеке и читање на реферат посветен на Гоце од страна на членовите на КУД Гоце Делчев од Делчево. Свежо цвеќе положија претставници од Општина Делчево, советници од Советот на Општина Делчево, претставници на политички партии од Делчево, здруженија на граѓани и други физички и правни лица.

 

  

Во фоајето на Домот за култура Никола Јонков Вапцаров во Делчево, со почеток во 19.30 часот започна Културно-свечената академија организирана од ЕЛС во соработка со Центарот за култура Ниукола Јонков Вапцаров, ОУ Ванчо Прке и ОУ Св.Климент Охридски и Уметници поединци од општината. На почетокот беше изведена химната на Р. Македонија од страна на Детскиот хор при ОУ Ванчо Прке под раководство на наставничката Дафина Христовска, кои подоцна изведоа уште две композиции од нивниот богат репертоар. Потоа поздравен говор пред присутните посетители од името на Советот на Општина Делчево и Градоначалникот , имаше г-дин Тони Трајановски, кој го истакна огромното значење на Гоце Делчев за Р.Македонија воопшто но и за регионот на нашата општина особено. Говорот на Претседателот на Советот може да го преземете во PDF форма тука .

 

Потоа програмата продолжи со читање на поетски творби од автори наградувани од органите на општина Делчево, во минатото преку 70-те и 80-те години на минатиот век, од страна на ученици од литературните секции од ОУ Банчо Прќе и ОУ Св. Климент Охридски, под раководство на наставничките  Билјана Стоиловска и Маријана Стоименовска. Свој забележителен настап на овој свечен настан имаа оркестарот на староградска музика "Делчевски Еснафи" и Вокално Инструменталната група Ѓурѓа која работи успешно во рамките на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров од Делчево.

IMG_1093_resize 

Димитар Узунски со придружба на кемене исполни една песна посветена на Гоце и на крајот програмата заврши со настап на најмладата играорна група која работи во рамките на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров, со  изведба на две ора.

Истиот ден делегација на Општина Делчево предводена од страна на Секретарот на општината беше на централното одбележување на датумот на раѓање на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

Ваквата традиција на одбележување на значајни историски личности и дадуми ке продолжи и понатаму со уште поголем број на настани.

 

Ваши прашања

Prasajte go gradonacalnikot1

Преведи сајт
Macedonian Albanian English French German Italian Spanish
Четата одбор јунаци
група Пијанечки бисери од ДелчевоПесна посветена на последната Пијанечка чета кои загинале 1933 год. кај с. Драмче
Пребарување
Анкета
Дали Ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот?
 
Линкови