Викендов (10-11.04.2010 год.) во Делчево се одржа најголемата спортска манифестација што овој град ја одбележал во последните 10-тина години. Купот на Македонија во кошарка за жени беше несекојдневна прилика да се доживеат возбудувањата од врвот на македонската кошарка. Воедно несекојдневна прилика беше да се присуствува на одигрувањето на овој натпревар бидејки истиот е прв официјален натпревар кој се одиграл во новата спортска сала при СОУ М.М. Брицо, која беше градена во минатиот период (старт на градежните работи од месец Мај 2009 год.) а е дел од проекот на Владата на Р.М. за изградба на 145 Спортски сали во државата.




Натпреварот почна со интонирање на државната и навивачката химна на Македонија. Потоа легендата на македонската кошарка и директор на сениорската машка репрезентација Врбица Стефанов од името на Македонската кошаркарска федерација на публиката им подари шест кошаркарски топки, а неговото појавување беше наградено со бурни овации и аплаузи од страна на неуморните навивачи. Од името на Македонската кошаркарска федерација МКФ претседателот Даниел Димевски на градоначалникот на општина Делчево г-динот Горан Малешевски му врачи златен медал на МКФ и му се заблагодари за одличната организација на полуфиналните и на финалниот натпревар од годинашниот Кошаркарски куп на Македонија 2010 жени. Градоначалникот Малешевски пак на Претседателот на МКФ му додели благодарница, и му се заблагодари за укажаната доверба за организација на еден ваков голем и величествен спортски настан, и искажа уверување дека овој турнир би бил иницијална каписла за понатамошен брз и квалитетен развој на спортот во Делчево и регионот.
За време на паузите публиката ја забавуваа женската танчерска група ДАГА од Благоевград, од соседна Република Бугарија раководена од Анита Дулгерова..
Овој настан е особено значаен не само затоа што ретко кога претходно Делчево било домаќин на едно вакво големо натпреварување, туку и поради прикажаниот квалитет на кошаркарско натпреварување кој може да се носи рамо до рамо со сите балкански држави.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.






























