Советот на Општина Делчево ја одржа својата 12.редовна седница на 14.06.2010 година, а истата имаше и свое продолжение на 16.04.2010 година.
На 12. седница одржана на 14.06.2010 година, Советот ги разгледа и усвои следните точки:
1. Одлука за преотстапување на користење и управување на објект - училишна спортска сала на СОУ “М.М.Брицо“ - Делчево;
2. Квартален извештаj за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за квартал 1 со Заклучок за усвојување;
3. Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Делчево за 2010 година;
4.Одлука за изменување и дополнување на Програмата за решавање на проблемот со кучињата - скитници на подрачјето на општина Делчево;
5. Одлука за давање на користење на хидраулична платформа на ЈПКД “ Брегалница“ - Делчево;
6. Одлука за давање на користење на археолошко- етнолошко музејска збирка на НУЦК “Н.Ј.Вапцаров“ - Делчево;
на продолжението на седницата кое се одржа на 16.06.2010 година, Советот на Општина делчево ја симна од дневен ред Одлуката за давање Согласност на Правилникот за измена на Правилникот за организација и систематизација на работите, работните задачи и работните места на ОЈУДГ “Весели Цветови“ - Делчево, а ги донесе следните одлуки:
1.Предлог- Одлука за разрешување престанок на мандат на член на УО на ЈПКД “Брегалница“ - Делчево;
2. Предлог- Одлука за именување на член на УО на ЈПКД “Брегалница“ - Делчево;
3. Предлог - Одлука за утврдување на потреба за поставување на урбана опрема во градот Делчево;
Образлагач: Горан Петровски,Советник по урбанизам.
Продолжението на седницата заврши со поставување на прашања и предлози на членовите на Советот до Градоначалникот на Општината, Г-дин Горан Малешевски кој присуствуваше на седницата и одговараше на истите.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.





















