Средата вечер 28.07.2010 год., фудбалскиот стадион на ФК Брегалница во Делчево беше крстопат на многу граѓани од цела Македонија. Единствена причина за тоа беше концертот на мега популарната музичка ѕвезда од Србија, единствениот, харизматичен и секогаш актуелен Аца Лукас со неговиот бенд. Ѕвездата на вечерта се појави во негов стил импулсивно и жестоко со врвна доза на професионализам и впечатливост. Концертот, Аца Лукас и неговиот бенд го започнаа со два препознатливи мега хитови, за потоа да направат одредена дигресија во репертоарот и отсвиреа постари музички теми од нивниот широк опус на песни.
Ваков концерт Делчевската и публиката од регионот не беше доживеала од крајот на осумдесетите години од минатиот век (период кога на стадионот во Делчево концерти држеа ѕвезди од калибарот на Лепа Брена). Едноставно вредно за паметење и раскажување.Задоволството на сите присутни беше очигледно, па дури и најголемите скептици во врска со овој концерт се препуштија на магијата која господинот Лукас и неговиот бенд им ја понудија на публиката.
Општина Делчево и ЈПКД Брегалница овозможија партнерска подршка на организаторите, во вид на инфраструктура и организациска помош, со што активно се вклучија во реализацијата на овој најголем музички и концертен проект во последните 20 години кој се одржал на територијата на општина Делчево. За особено поздравување е иницијативата и заложбата на организаторите токму еден ваков мега спектакл да се одржи во Делчево, и покрај непредвидливоста на посетеноста и исплатливоста на овој проект, кој на крај се покажа огромен успех и вистински погодок, како за организаторот така и за публиката. Дефинитивно практиката за реализација на вакви настани треба да продолжи и понатаму во иднина, единствено затоа што Делчевската и публиката од регионот не е за ништо поразлична од било каде во светот и го заслужува тоа.
Концертот го започнаа како локална подршка музички групи од Делчево предводени од надежната и со блескав вокал Марија Атанасовска и беспрекорниот Даниел Савиќ, кои достојно ги претставија своите музички капацитети.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.























