ЈПКД Брегалница започна со изведбените работи за поставување на одводна канализациона мрежа на крај од улица 3 во т.н. Сервисна зона . Станува збор за последната траса од оваа гранка на канализационата мрежа што се вклучува директно во колекторот на реката Брегалница.
Изведбените работи вклучуваат земјен длабок ископ, поставување на канализациони ПВЦ цевки со дијаметар ф250 и ф300 во должина од 250 + 100 метри. За вклучување на оваа гранка во колекторот на река Брегалница од колекторската цевка според проектната документација недостигаат 100 м од претходно кои дополнително ке бидат предмет на набавка, и поставување.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.























