Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Празник на фолклорот на планината Голак

Печати PDF

Thumbnail image

По 16-ти пат врвот на планината Голак беше гнездо во кое се сместија над 5 000 луѓе од сите краеви на регионот на источна Македонија. Повод за тоа беше празникот посветен на исцелителот Св.Пантелејмон, кој се празнува на 8-ми Август секоја година традиционално, кај манастирот посветен на овој светец.

Верувањето на граѓаните e дека ако дојдат на овој ден и преспијат на планината Голак кај манастирот Св.Пантелејмон цела година ке ги служи здравје и благосостојба. Поради оваа причина секоја година ова место се претвара во вистински  простор за кампување.

Thumbnail image 

Во 1995 година Голачките фолклорни средби е воспоставена како традиционална манифестација која до ден денешен се одржува редовно секоја година, а како одраз и манифестација на желбата на посетителите на манастирот за што посвечено одбележување на овој празник.

Thumbnail imageThumbnail image

Голачките фолклорни средби оваа година беа во организација на Националната установа Центар за култура Никола Јонков Вапцаров а под покровителство на Општина Делчево и Градоначалникот г-дин Горан Малешевски, во соработка со Министерството за култура на Р.Македонија. Целата организација на настанот помина беспрекорно добро, во соработка на сите надлежни институции во општината, вклучувајки ги припадниците на МВР од полициската станица од Делчево, пожарникарите од ТППЕ Делчево, Здравниот Дом Гоце Делчев, Црвен Крст од Делчево и се разбира ЕЛС Делчево и Центарот за Култура Никола Јонков Вапцаров.

Thumbnail imageThumbnail image

Фестивалот го отвори традиционално покровителот-Градоначалникот на општина Делчево по што во рамките на ревијалната програма на фестивалот настапи маестро Драган Даутовски и триото Извор.

Од оваа издание на фестивалот тој доби натпреварувачки карактер и во официјалната програма настапија 11 Културно уметнички групи, оркестри, фолклорни и пејачки групи, од Делчево, Македонска Каменица, Благоевград-Р.Бугарија, Оризари, Секирник, Штип, Крива Паланка, Велес и од Рача -Р.Србија.

Thumbnail image

Најуспешен настап беше прогласен настапот на КУД Љупчо Сантов од с.Оризари Кочанско, а Благодарница и признание за особен придонес за развој на етно музиката му беше доделена на Драган Даутовски. Благодарници и плакети им беа доделени на сите учесници.

Дефинитивно Голачки фолклорни средби е бренд на општина Делчево кој и понатаму треба да се надградува и афирмира, како уникат од ваков карактер на целиот Балкан а можеби и во светот.

Thumbnail image

Повеќе фотографии од овој настан можете да најдете во нашата галерија на сл. линк тука

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес223
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела2221
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец4711
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно420619

Присутни online: 13
Ваша IP: 38.107.179.207
,
Денес: Фев 10, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.