Со изградбата на новата спортска сала од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија и општина Делчево во дворот на СОУ Методи Митевски Брицо, се создадоа реално одлични услови за поттик и развој на спортот во градот.
Делчево со години наназад поради непостоењето на ваков простор за спортски активности е изложено на егзистенцијални проблеми на спортот во целина. Но по изградбата на оваа спортска сала се создадоа совршени услови за оваа пречка да се надмине и Делчево и граѓаните да го добијат она што навистина го заслужуваат. Во Делчево постои енергија и таленти помеѓу помладите генерации, за квалитетен развој на спортот, за што говорат и бројните понуди за млади таленти од страна на клубови од други градови за нивен настап во тие клубови.
Во градот веќе подолги години наназад работи и егзистира КК Клубски, кој е вистински репрезент и синоним за клубско работење на една екипа не само во нашата општина. По неколку годишен прекин во општината повторно е реактивиран Одбојкарски клуб кој иако е во почетна фаза на работа со сегашната екипираност, веке е забележлив невиден напредок кај одбојкарите, кои отскокнуваат со нивните таленти, и потребно е само усовршување на техниката, и оваа екипа ке почне да бележи сигурни успеси во иднина. Во рамките на ОУ Ванчо Прке работи женска ракометарска екипа, со играчи кои исто така блескаат со својот талент и имаат убава перспектива во иднина.
Новоизградената спортска сала од нејзиното пуштање (во неколку наврати беше пишувано тука тука тука и тука на нашиов веб сајт за изградбата и активности поврзани со оваа спортска арена ) полека почна да прераснува во достоен дом за спортистите од градот и спортските работници, со надеж дека максимално ке биде искористуван овој потенцијал кој што Владата на Р.Македонија преку Министерството за образование и наука го изгради во нашиот град. Од овие причини и редица други се истакнува повеке димензионалното огромно значење на овој спортски гигант во севкупниот општествен живот во општина Делчево.



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
























