Во сабота по повод празникот Пресвета Богородица и соборниот ден во с.Тработивиште беше пуштена во употреба нова фонтана со чешма. Фонтаната во употреба ја пушти Градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски кој се обрати на присутните честитајки им го празникот и осврнувајки се на проектите кој ги планира општината во с.Тработивиште.
По завршувањето на говорот на градоначалникот следеше културно уметничка програма наменета за присутните на настанот.
Проектот фонтана со чешма и уредување на просторот околу истите е дел од проектот „Чешми“ на општина Делчево и дел од проектот „Зелена агенда во с.Тработивиште“ како еден од приоритетите кои беа идентификувани на работните средби со локалното население во с.Тработивиште.
Изградбата на Фонтаната со чешма финансиски е поддржана од Mileukontakt International од Холандија и општина Делчево.
Градежните работи и просторот го уреди ЈКПД Брегалница од Делчево.
ПРЕТХОДНО МЕСТОТО КАДЕ Е ИЗГРАДЕНА ОВАА ФОНТАНА ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ШТО Е ПРИКАЖАНО НА СЛЕДНИТЕ СЛИКИ



На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.


































