Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Пријавување



Интензивни настапи и активности на ФГ Копачка од с.Драмче

Печати PDF

Thumbnail image

Ја врви ФГ „Копачка“ од с. Драмче, својата врвица на 63 - годишното презентирање и афирмирање на пијанечкиот изворен фолкор особено на орото „Копачка“. Годинава тие функционираат преку ЗРА „Пијанечки глас“ Делчево, реализирајки ги активностите на проектите „За да не згасне бисерот Копачка“ и „Заштита на орото Копачка од с. Драмче“, со финансиска подршка од Министерството за култура на РМ за 2010 година.

Thumbnail image

Изведбата на машкото оро Копачка од с. Драмче, годинава се крева високо на пиедесталот на негување на фолкорните добра, на национално ниво. Имено, членовите на  ФГ „Копачка“ како носители на заштитата на сродните права на ова оро, со гордост укажуваат на важноста за правниот процес за оваа фолкорно добро, да биде прогласено со собено значење. Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура на РМ, како надлежни институции за спроведување на овој процес, со нескриено задоволство, покрај другото го истакнуваат фактот дека за првпат во Македонија, се прави заштита на фолкорно добро и дека е крајно време подоцна да се заштитат таквите позначајни добра во нашата држава по овој и по примерот на соседните и др. држави. Носителот и  надлежните национални институции се сложни  со заемна заложба, Владата на РМ треба до крајот на годината и  со објавувањето во “Службен весник  на РМ“ да го прогласи орото Копачка од с. Драмче за заштитено.

Thumbnail imageThumbnail image

Со развивањето на проектот „За да не згасне бисерот Копачка“,  Фолкорната група ја основа  женската група, што првенствено има за цел да го врати на сцена женското оро Копачка од с. Драмче, кое е пред заборав и не се игра веќе со години наназад, на свадби, собори и др. веселби, но и да ги постави на својот репертоар и другите изворни, пијанечки ора и песни. Интензивно се учествува на  фестивалите во земјата како Фолклорен фестивал „Св Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка на 26 август, на Етно - фестивалот во Берово на 27 август, а во недела на 29 август, на меѓународното гостување на Првиот старовремски неделен собор во с. Спатово, општина Сандански, Република Бугарија, во организација на Формација „Леб и вино“, Читалиште „Георги Попиванов“ и Кметството од с. Спатово, каде покрај благодарниците за учество, најмладиот член Радмила Симевска ја освои наградата “Убава мома“, а Вида Илиевска, наградата за најубаво „Селско јадење“. Многубројните љубители на ФГ „Копачка“, имаа можност да ги видат и на Голачките фолкорни средби 2010, на Фолклорниот фестивал за иселениците во с. Трново, Битолско...
Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес224
mod_vvisit_counterВчера363
mod_vvisit_counterОваа недела2222
mod_vvisit_counterПретходна недела3413
mod_vvisit_counterОвој месец4712
mod_vvisit_counterПретходен месец14124
mod_vvisit_counterВкупно420620

Присутни online: 14
Ваша IP: 38.107.179.208
,
Денес: Фев 10, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.