Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Активности на општинската организација на младите на Црвен крст во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Младинската организација на Црвен Крст од општинската организација од Делчево повторно беше во акција минатите неколку месеци. Тие изработија единаесет мали проекти од ЦКА-ПХВ програмата под менторство на професорката Весна Димитровска.

Thumbnail imageThumbnail image

Овие млади хуманитарци помогнаа на повеќе ранливи категории, како на социјално загрозени семејста,на лицата со посебни потреби, стари лица, слепи и глуви и др. По завршувањето на проектите,младинците се уште повеќе мотивирани и се заблагодаруваат на сите оние кои им помогнале во реализацијата на малите проекти кои резултираа со големи дела. Единаесетте мали проекти ги носеа следните наслови:
  • ЗА ТОПОЛ И ПОСИГУРЕН ДОМ-реконструкција на кровот на едно социјално-загрозено семејство,
  •  РАДОСТ ВО ОЧИТЕ НА ТРИ МЛАДИ ДЕВОЈКИ-облека за матурската вечер на три матурантки, 
  • СИТЕ СЕ НАШИ МАЈКИ-мамогравски прегледи, 
  • НОВИ СРЕЌНИ НАСМЕВКИ-пакети со стара облека, 
  • РАЗЛИКИТЕ НАС НЕ СПОЈУВААТ- помош на лицата со посебни потреби, 
  • УЧИМЕ И ДАРУВАМЕ ОД СРЦЕ- доделени социјални пакети со храна, 
  • ВО СЈАЈОТ НА ХУМАНОСТА-помош на семејство со опожарен стан, 
  • СЛУШНИ МЕ ДА ТИ КАЖАМ-доделување на слушни апарати, 
  • СВЕТОЛ ЗРАК ВО ТЕМНИНАТА- заслепиот писател од Делчево, 
  • СО НАС И СТАРОСТА Е ПОЛЕСНА-пакети со лекови и други потребни продукти на стари лица,
  • СО ВАС А НЕ ПОКРАЈ ВАС-ДОСТОИНСТВЕНИ.
Овие проекти беа реализирани преку организирање на повеќе настани.
Општинската организација на Црвен Крст-Делчево е горда на својот досега најголем успех и се надева дека понатаму ке има можност за изработка на нови мали проекти кои би помогнале на многу ранливи групи на кои им е потрбно тоа. 
Во духот на хуманоста,тие порачуваат: ДА СЕ БИДЕ ХУМАН ЗНАЧИ ДА СОЧУСТВУВАШ СО ПРОБЛЕМИТЕ НА ДРУГИОТ И ДА СВАТИШ КОЛКУ МНОГУ ИМАШ.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2321
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2321
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57425
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312951

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020