Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Работна посета на амбасадорот на Украина на општина Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Амбасадорот на Украина во Р.Македонија Н.Е Јуриј Гончарук и првиот секретар на амбасадата задолжен за економски прашања Г-дин Валериј Кокот по покана на градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски ја посетија општина Делчево.

 

Thumbnail image  Thumbnail image

Посетата имаше работен карактер и на неа се разговараше за неколку прашања. Покрај презентацијата за профилот на општина Делчево и можностите кој ги нуди општина Делчево, градоначалникот на општина Делчево акцент стави на економската соработка помеѓу Делчево и општината Вишгород Р.Украина која е збратимена општина на Делчево од 2002 година.

Градоначалникот Горан Малешевски ги презентираше плановите на општината и можностите кој се нудат како на домашните така и на странските инвеститори со посебен акцент на Индустриските зони во градот, сервисната зона, новиот детален план за централното градско подрачје и развојот на планината Голак.

Thumbnail image Thumbnail image

Гостите изразија интерес за активна соработка помеѓу двата градови и тоа на полето на економијата и понудија конкретна соработка презентирајки ги можностите и квотите кој ги нуди Украина на Р.Македонија а со тоа и на општина Делчево.

Амбасадорот имаше можност да посети две локални фирми од областа на текстилството и тоа КРЗНО и ПАЛТЕКС каде беше примен од раководството на овие субјекти.

Thumbnail image Thumbnail image

За време на посетата амбасадород искажувајки го големото задоволство од посетата на општина Делчево и неговите импресии од Делчево ја искористи прилоката лично да му ја врачи поканата на градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски за посета на градот Вишгород Украина во јуни оваа година.

Thumbnail image

 Исто така градоначалникот доби покана за возвратна посета на Украинската амбасада во Скопје за конкретизирање на дел од заклучоците од средбата во Делчево а кој се однесуваат во делот на економијата.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2198
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2198
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57302
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312828

Присутни online: 50
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020