Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Меѓународна соработка во функција на актуелизација и развој на органското произвотство преку одржлив рурален развој

Печати PDF
Thumbnail image
Од 16 до 18 март 2011 година во општина Делчево присуствуваше г-динот Мартин Ланкастер -извршен директор на фондацијата Авалон од Кралството Холандија. Оваа фондација е меѓународна организација со седиште во Вомелс во Холандија, која се занимава со сите аспекти на одржливиот рурален развој. Како членки на Авалон се голем број на организации од западноевропските, источните како и дел од балканските земји, во кои со различен интензитет се спроведуваат политиките на одржливиот рурален развој.
Присуството на г-динот Ланкастер во општина Делчево се должи на активното членство на ЕЛС Делчево, Регионалниот центар за застапување и здружението Аронија, сите од Делчево во оваа фондација со учество на конференции, семинари и состаноци кои оваа организација ги организира насекаде во Европа. 
Thumbnail image Thumbnail image
На покана на г-динот Фиданчо Христов кој е претседател на здружението Аронија од Делчево, во Делчево, г-нот Ланкастер имаше низа на активности, како во Делчево така и во соседните општини од микрорегионот Пијанец-Малеш, Берово и Пехчево. Во четвртокот 17-ти март г-динот Ланкастер  заедно со претставници од организациите членки на Авалон од Делчево, посетија сертифициран органски насад од сини сливи во атарот на с.Вирче, сертифицирана органска фарма за овци во Пехчево, како и продавница за сертифициран органски мед во Берово, при што се запознаа со предизвиците со кои се соочуваат земјоделските производители од регионот, а притоа г-динот Ланкастер се увери во квалитетот и потенцијалот на органските производи кои се произведуваат на  овие фарми.
Thumbnail image Thumbnail image
Потоа г-динот Ланкастер имаше прием во кабинетот на Градоначалникот на општина Делчево г-динот Горан Малешевски, при што поразговараа за досегашното искуство на фондацијата Авалон во соработката со организациите од Македонија и пошироко на Балканот, како и за конкретни активности за во иднина  во кои општина Делчево би се вклучила, во насока на реализација на конкретни проектни активности од областа на одржливиот рурален туризам.
Како генерален заклучок од средбата беше општина Делчево заедно со другите две организации членки на фондацијата Авалон што поактивно да се вклучат во соработката со оваа организација, со аплицирање на конкретна проектна идеја во фондовите на Европската комисија, на следниот ИПАРД повик.
Наредниот ден-петок 18.03.2011 година г-динот Ланкастер заедно со Градоначалникот на општина Делчево, во друштво со  директорот на ЈПКД Брегалница, претседателот на Аронија и советникот на градочалникот, ја посетија планината Голак при што гостинот имаше можност да се увери во природните убавини кои оваа планина ги крие во себе.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1014
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6694
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45575
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301101

Присутни online: 44
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020