Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Продолжува реализацијата на проектот „Чешмите наша потреба, традиција и иднина“

Печати PDF
Thumbnail image

Во рамките на проектот „Чешмите наша потреба, традиција и иднина“ со кој е предвидена реставрација и ревитализација на постојни и изградба на нови чешми на територијата на општина Делчево, започна изградбата на легендарната рачна пумпа за вода пред Хотел „Македонија“.

.
Thumbnail image Thumbnail image

Во минатото постарите жители на Делчево се сеќаваат на оваа пумпа и значењето кое таа го имаше за населението, од повеќе аспекти. Имено пумпата им служеше на граѓаните за време на свадбите, како извор на вода од која невестата пиеше вода од сопствениот чевел од рацете на деверот, за време на свадбената прослава. Значењето на оваа пумпа оди во прилог нејзината местоположба пред ресторанот во Делчево во кој се прават најголемиот број  на свадбени свечености.

Исто така, покрај намената на оваа пумпа во рамките на свадбените прослави, со неа се поврзани и историски факти и настани, како и народни кажувања и преданија, што ја прави вредна за истата да биде вклучена во реализацијата на погоре именуваниот проект.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2153
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2153
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57257
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312783

Присутни online: 37
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020