Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Одржани регионалните смотри на хорови и оркестри во Делчево

Печати PDF

Thumbnail image

Во петок, на 15.04.2011 година, во салата за свечености во Основното општинско училиште „Ванчо Прке“ во Делчево се одржа традиционалната регионална смотра на хорови и оркестри која се одржува во рамките на државно ниво на територијата на цела Република Македонија.

Thumbnail image Thumbnail image

Оваа смотра се одржува секоја година во организација на Регионалните здруженија на музички педагози, а стандардно натпреварите ги следи жири - комисија составена од Вејчислав Поповски-советник по музичко образование во Бирото за развој на образованието и двајца истакнати музички педагози.

Thumbnail image Thumbnail image

Во рамки на музичкиот-натпреварувачки дел на сцената во ООУ „Ванчо Прке“ се претставија хоровите од

  • ООУ „Ванчо Прке“-Делчево, под раководство на наставничката Дафинка Христова кој освои второ место.
  • ООУ „Св.Кирил и Методиј“ - Македонска Каменица под раководство на наставникот Маријан Стоименов, кој освои исто така второ место.

Исто така настапија и оркестри од сл. Училишта:

  • ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево под раководство на наставникот Горанчо Ќурчиски со освоено второ место,
  • ООУ „Св.Климент Охридски“ од Делчево-оркестар од детски музички инструменти под раководство на наставникот Чедо Ѓоргиевски, како пофален учесник,
  • СОУ „М.М. Брицо“ од Делчево -Камерен забавен состав, под раководство на професор Слободан Илиоски, како пофален учесник,
  • СОУ „М.Ј.Џингар“ од Македонска Каменица, под раководство на професор Слободан Илиоски, како пофален учесник.

Thumbnail image Thumbnail image

Исто така, по завршувањето на музичкиот дел, одговорните педагози, членовите на жири - комисијата, директорите на училиштата - учесници на смотрите,  како и претставници на ЕЛС Делчево, присуствуваа на заеднички работен состанок на кој се дискутираше за огромната важност на формирањето и високото ниво на работа на хоровите и оркестрите во училиштата, како за наставниците и професорите така и за учениците, кои од најрана возраст можат да се профилираат како идни врвни музичари и професионалци.

Thumbnail image

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес911
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6591
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45472
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3300998

Присутни online: 43
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020