Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Уредувањето на дворот на црквата Св.Никола во Вирче пред крај, најава за дополнителни работи во ова село

Печати PDF
Thumbnail image
Со бојадисувањето на металниот дел од оградата привршуваат градежните работи околу уредувањето на дворното место на црквата Св.Никола во село Вирче, со кои се целосно ревитализира централното подрачје во ова Пијанечко село. Добиен е нов лик на селото со апострофирање на позицијата на црквата во центарот на селото, простор кој претходно беше целиот руиниран и обраснат со растенија.
Кликни на сликата за детален преглед
Thumbnail image Thumbnail image
Состојба потоа! Состојба пред!
Со изградбата на дворната ограда на местото на претходно распаднатиот ѕид и целосно теренско уредување, селото Вирче доби едно репрезентативно , пријатно катче достојно за оддавање почит кон религијата, а воедно убаво место за одмор, релаксација и организирање и прославување на разните видови на селски слави и празници, кои локалните жители ги прославуваат и чествуваат во огромен број, повеќе пати во текот на една календарска година.
Кликни на сликата за детален преглед
Thumbnail image Thumbnail image
Состојба потоа! Состојба пред!
Со тоа црквата Св.Никола го доби своето значајно место во мапата на локалитет кој е вреден да биде посетен и виден. За завршување на целокупниот ангажман на еипите на ЈПКД Брегалница кои со голема посветеност работеа на уредувањето на целиот простор, недостига уште делот на хортикултурното уредување кое наскоро ке биде направени и финиширање на сите површински финални работи.
Кликни на сликата за детален преглед
Thumbnail image Thumbnail image
Состојба потоа! Состојба пред!
Во непосредна близина на црквата наскоро ке започне изградбата на трибини на отвореното спортско игралиште во центарот на селото и целосно уредување на игралиштето кое игра значајна улога во секојдневниот живот на младите од селото, чиј што просто за релаксација е токму овој.
Кликни на сликата за детален преглед
Thumbnail image Thumbnail image
Состојба потоа! Состојба пред!
Исто така во рамките на реализацијата на проектот за реконструкција и ревитализација на 30 чешми на територијата на општина Делчево, целосно ке се реконструира уште една чешма во ова село (по реконструкцијата и ревитализацијата  на 2-те чешми и едно водопоило-процес кој се спроведе во минатата година) во источниот т.н. горен дел од селото.
Thumbnail image Thumbnail image
Изградена состојба потоа! Изградена состојба потоа!

Thumbnail image Thumbnail image
Состојба во тек на изградба! Состојба пред изградба!

Thumbnail image Thumbnail image
Изградена состојба потоа! Состојба пред изградба!

Thumbnail image Thumbnail image
Изградена состојба потоа! Состојба пред изградба!
Исто така кон средина на 2011 година планирано е да се започне со реализацијата на еден поголем капитален проект за ова село, за чија што реализација се предвидени околу 400,000.00 евра, за чиј што тек граѓаните ке бидат дополнително информирани.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес911
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6591
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45472
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3300998

Присутни online: 45
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020