Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Стартуваше изградбата на улицата Св.Климент Охридски во населба Милково Брдо во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во рамките на реализацијата на објавената јавна набавка за изградба на локални улици на територијата на град Делчево кон крајот на 2010 година, и склучениот договор помеѓу ЕЛС Делчево и ДООЕЛ Ринџи компани од Делчево, започна изградбата на улицата Св.Климент Охридски во населбата Милково Брдо во Делчево.
Thumbnail image Thumbnail image
Во рамките на градежните работи предвидени се зафати за Земјани, работи, поставување на ивичници како и поплочување на улицата со бекатон плочки, во целосен износ на финансиските сретства од 1. 289. 173,00 мкд (цена со пресметан ДДВ), според Договорот за реализацијата на позициите вклучени во техничката документација. Станува збор за изградба на улицата со површина од 939 м2. Со изградбата на оваа улица во огромна мера се подобруваат и задоволуваат основните инфраструктурни услови на комуникација на граѓаните на општина Делчево кои гравитираат кон овој дел од градот. Оваа улица како приоритет за реализација беше истакната од страна на урбаната заедница на Милково брдо.
Thumbnail image Thumbnail image
Оваа акција продолжува и понатаму за истакнување на приоритетни проекти за реализација во соработка со Урбаните и месните заедници на територијата на општина Делчево, паралелно со процесот на формирање и унапредување на работењето на овие официјални тела на ЕЛС Делчево, како многу значаен сегмент во Програмата за работа на Градоначалникот на општина Делчево г-динот Горан Малешевски.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2231
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2231
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57335
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312861

Присутни online: 53
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020