Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ке се чистат реките Брегалница, Габровчица и Звегорска река

Печати PDF

Thumbnail imageThumbnail image

Започнувајќи од 26 април Општина Делчево ќе започне со чистење на реките Брегалница, Габровчица  и Ѕвегорска Река. Целта на акцијата е да се исчистат коритата на овие реки, како и нивните притоки долж теченијата.

Во оваа акција ќе биде опфатено коритото на река Брегалница од с.Очипала  се до с.Тработивиште во должина од 10 км. Посебен акцент ќе биде ставен на неколку критични точки каде во изминатиот период дојде до ерозија и уништување на плодни земјоделски површини кај с.Очипала, с.Град, с.Вирче и населбата „Ѕвегорска Река“ како и р.Габровчица, од вливот во р.Брегалница па се до излезот на Делчево кон с.Габрово.

За оваа намена Општина Делчево формира Координативно тело кое е задолжено за имплементација на акциониот план за чистење на реките во 2011 година, а кој е донесен од Владата на Р.Македонија.

Во акцијата се вклучени Јавното претпријатие за комунални дејности „Брегалница“ од Делчево, со расположивата механизација, како и три приватни градежни оператори  од Делчево.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2266
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7287
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65473
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320999

Присутни online: 47
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020