Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Со културно уметничка програма прославен Велигден кај црквата Пресвета Богородица во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Во недела 24.04.2011 година во дворот на црквата Пресвета Богородица во Делчево по подолг период од околу 60-тина години се возобнови традиционалната прослава по повод Велигденските празнувања на ова свето место.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Од името на организаторите на присутните Велигден им го честита директорот на НУЦК Никола Јонков Вапцаров, г-динот Љупчо Петровски,  како и раководителот на Фолклорната група Копачка од с.Драмче, г-дин Димитар Узунски, кој манифестацијата ја прогласи за отворена. Културно-уметничкиот дел од програмата започна со изведба на неколку изворни ора од страна на релативно ново формираната женска група Копачка во рамки на работата на ЗФГ Копачка с.Драмче, Делчево, за потоа да продолжи со изведба на две народни песни карактеристични за Пијанец и Делчево во изведба на Димитар Узунски-вокали и Павле Симевски на кемене, за потоа на сцената да грмне тапанот во познатиот ритам на Шетаницата, Ситното, Префрлачка и Копачката, и по кој знае кој пат да се заигра овој Бисер на Пијанечкиот фолклор, пред очите на публиката и целото небо на овој свет ден.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Од страна на членовите на КУД Гоце Делчево од Делчево беше изведена кореографијата "Велигденска попредулка", која е дел од репертоарот на овој фолклорен ансамбл, кој со децении во минатото е достоен репрезент на Македонскиот фолклор како во Македонија, така и во странство. На крај во официјалниот дел на програмата настапија припадниците на фолклорната група која работи во рамките на НУЦК Никола Јонков Вапцаров, кои се претставија со вокални и инструментални песни, од огромното богатството на пијанечкиот фолкор. На крај настанот го затвори Никола Тренчевски-млад поп пејач од Делчево, кој испеа неколку песни од својот музички репертоар.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image
Возобновувањето на оваа традиционална манифестација, "Велигденски празнувања" се прави во рамки на манифестацијата "100 настани за 100 години град", како и одбележувањето на јубилеите 100 години од раѓањето на светски познатиот ликовен сликар и акварелист Љубомир Белогаски, кој потекнува од с.Тработивиште-општина Делчево, и 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски-сликар со светско реноме и успеси.
Thumbnail image
Настанот беше во организација на Општина Делчево по директна иницијатива на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски, а во соработка со НУЦК Никола Јонков Вапцаров, ЗФГ Копачка с.Драмче и  Делчево КУД Гоце Делчев од Делчево.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2088
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2088
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57192
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312718

Присутни online: 58
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020