Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Продолжува изградбата на кејот на Звегорска река

Печати PDF
Thumbnail image
Со започнувањето на новата градежна сезона и подобрувањето на временските услови, продолжуваат градежните работи околу изградбата на кејот на Ѕвегорска Река во истоимената населба. Со изградбата на регулацијата на оваа локација на реката чијшто тек драстично варира во текот на една календарска година, значително се подобруваат условите на граѓаните кои живеат во овој дел од населбата.
Thumbnail image Thumbnail image

Истовремено се уредува сообраќајната комуникација на граѓаните, при што се формираат земјишните парцели на дворовите кои се во непосредна близина на реката, за кои  пред нецела година беше невозможно да се обележат на терен поради излевање на реката и штетите кои истата ги предизвикуваше. Акцијата за изградба се спроведува во претходна координација и договор на жителите од населбата преку Месната заедница, во соработка со ЕЛС Делчево и Градоначалникот, Горан Малешевски. Во реализацијата на изградбата на кејот, со техничка поддршка, со сопствените стручни лица и со механизација учествуваат екипи на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево.

Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2286
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7307
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65493
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321019

Присутни online: 37
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020