Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ангажманот на невработени лица во проектот "Изведување на јавни работи на подрачјето на општина Делчево" со повеќекратно значење за оштината

Печати PDF

Thumbnail image

Од 12.04.2011 година во Делчево стартуваше реализацијата на ангажирање на невработени лица во рамки на Проектот за изведување на јавни работи на територијата на општина Делчево. Во рамките на проектот работно се ангажирани вкупно 55 невработени лица кои се заведени во евиденцијата на Агенцијата за вработување на РМ, Центар за вработување во Делчево.

Од нив 40 лица се ангажирани од страна на ЕЛС Делчево, додека останатите 15 се ангажирани од страна на ЈПКД „Брегалница“ во Делчево. Со работниот ангажман на овие лица предвидена е реализација на повеќе проекти во рамки на работата на ЈПКД „Брегалница“ во Делчево за изведба на градежни, комунални, хортикултурни и други јавни работи со кои ќе бидат уредени, изградени , реконструирани инфраструктурни и објекти од друг различен карактер на територијата на цела општина Делчево.

Овој проект за работно ангажирање на невработени лица се спроведува 3-та година по ред во општина Делчево.

Thumbnail image Thumbnail image

Проектот е од повеќекратно значење, како за оштина Делчево, така и за самите граѓани на општината, земајќи го во предвид фактот дека со ангажирањето на овие работници, ќе им се овозможи финансиски приход, како категорија на граѓани кои невработени и немаат редовни приходи во семејството, обраќајки особено внимание на социјалниот ефект кај населението.

Со реализацијата на овој проект наменски и според претходно утврдена Приоритетна листа за реализација на активности, востановена во соработка со граѓаните на општина Делчево, а влезени во Програмата на Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Горан Малешевски, се решаваат основните инфраструктурни проблеми, како и масовна изградба на останати градежни работи и проекти кои се од особена важност за граѓаните на општина Делчево.

Со работниот ангажман на невработените лица во Делчево во огромна мера се промени ликот на Делчево, со најава за понатаможна реализација на уште голем број на проекти, со што Делчево ќе го добие посакуваниот лик и функционалност, како вистински центар на микрорегионот Пијанец-Малеш и достојно место за живеење во источниот дел на  Република Македонија.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2318
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2318
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57422
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312948

Присутни online: 46
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020