Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Градоначалникот на општина Делчево во посета на збратимениот град Вишгород во Украина

Печати PDF

Thumbnail image

По покана на Градоначалникот на градот Вишгород  Украина, г-дин Виктор Решетњак, делегација од Општина Делчево, предводена од Градоначалникот на Општината, г-дин. Горан Малешевски, престојуваше во официјална посета на овој украински град кој е збратимен со Општина Делчево уште во далечната 2002 година.

 Thumbnail imageThumbnail image

Делегацијата од Општина Делчево во градот Вишгород престојуваше по повод 1065 години од основањето на градот Вишгород. Покрај официјалниот прием кај Градоначалникот на градот Вишгород,  делегацијата имаше можност да присуствува и на настаните кои беа предвиденине со Програмата за прослва. Откривањето на споменикот на  заштитниците на градот  Вишгород беше првиот чин кој беше предвиден со агендата за прослава. По ова следуваше церемонија на неколку венчавки на млади брачни парови. Програмата продолжи со посета на штандовите кои беа поставени од страна на изработувачи на рачни ракотворби од регионот на Киев и Вишгород.

Thumbnail image Thumbnail image

Во поладневните часови од прославата започна главниот дел од прославата движење на карван од спортисти и културни работници од Вишгород, како и уметници и претставници на локалната и регионалната власт, гости од збратимени градови од неколку земји во Европа и други асоцијации, поканети гости, кои беа предводени од уличен оркестар.

Церемонијата започна од пред административната зграда на Вишгород а заврши после неколку километри на брегот на реката Дњепар каде се беше  во знакот на етапата од Светскиот куп на формула 1 на вода. На финалниот настан од формула 1 на вода имаше присуство на најмалку 100.000 гледачи. Трките од формула 1 на вода се одржуваат уште од 1962 во различни земји под логото  «F1H2O».

За време на посетата на градот Вишгород, Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Горан Малешевски имаше можност, покрај со домаќините, да се сретне и со Градоначалникот на Белогород од Русија, Градоначалникот на Линнапеа - Естонија, претставници на збратимената општина на Вишгород од Франција, како и со претставници на градот Лорах од Германија.

Во рамките на посетата делегацијата од Општина Делчево сподели голем број на позитивни искуства со општината домаќин и договорена е идна и по интензивна соработка на сите полиња од секојдневното живеење.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2378
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7399
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65585
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321111

Присутни online: 28
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020