Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржаа 17-те по ред Голачки фолклорни средби

Печати PDF
Thumbnail image
Завршија 17-те по ред традиционални Голачки фолклорни средби како еден од најголемите меѓународни фолклорни фестивали во Република Македонија.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Од минатата година (2010) фестивалот започна да се одржува во 2 вечери, покрај главната гала вечер, со придружна манифестација на летната сцена пред Спомен домот АСНОМ  како вечер на некоја од странските држави кои гостуваат во Делчево, по повод Голачките фолклорни средби. Оваа година во недела 07.08.2011 година со почеток во 20.30 часот пред многубројната публика на летната сцена свои концерти имаа КУД Препород од Дуго село од Република Хрватска, како и Вокалната група во рамки на КУД Филип Вишниќ од Рача. Република Србија. Присутните имаа извонредна можност да слушнат карактеристични песни и ора во изведба на гостите од странство.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image
Наредниот ден 08.08.2011 година со почеток во 19.30 часот, во незаборавна атмосфера, врвот на планината Голак, во непосредна близина на манастирот Св.Пантелејмон, беше епицентар на фолклорот во балкански рамки, обединувајки на една сцена фолклорни групи, културно уметнички друштва и ансамбли, како и оркестри и вокални групи од Македонија и Балканот.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Традиционално како и секоја година фестивалот имаше чест да го отвори Градоначалникот на општина Делчево г-днот Горан Малешевски, како покровител на целата манифестација, организирана од страна на НУЦК Никола Јонков Вапцаров и Министерството за култура на Република Македонија. Во името на граѓаните на општина Делчево, на учесниците Градоначалникот Малешевски им додели Благодарници и Плакети за учество, како и пригодни подароци, со обележја на општината. Она што со пиетет од страна на  основоположниците на овој фестивал, беше оставено за наш аманет во сегашноста и во иднината, во голема мера, ноќта на 8-ми спроти 9-ти Август, беше исполнето. На едно исто место заиграа и запеаа уметници, фолклорни работници, негувачи и носители на духот и традицијата на местото од кое што доаѓаат, со гордост презентирајки ги вредностите на минатото, кои ја карактеризирале балканската реалност од дамнина. Настапот на учесниците во целост беше на максимално професионално ниво, со забележителна доза на голем ентизијазам и посветеност, како на уметниците на сцената, така и на стручните лица под чие што раководство групите едноставно блескаа под небото на планината Голак.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image Thumbnail image
Ѕвездите од небото и земјата сјаеа и пулсираа заедно во еден здив, во ритамот на фолклорните звуци од Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и повторно Македонија, и се разбира Делчево, и тоа во два наврати-еднаш од Драмче, и еднаш од градот... Присутната публика (традиционално над 6000 луѓе-слободна проценка) на моменти играше, пееше, и танцуваше, а на моменти со втренчен поглед едноставно уживаше во милозвучните хармонии на духот на Балканскиот граѓанин. Незаборавно, неповторливо и безвременски раскошно... Довидување до догодина со задолжително присуство во прегратките на Голак планина, која плени со сопствениот, од Бог надарен декор. Планината и луѓето како телото и духот на ова наше парче македонска земја.
Thumbnail image Thumbnail image
Thumbnail image
Thumbnail image
Thumbnail image
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2425
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7446
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65632
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321158

Присутни online: 43
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020