Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна целосна реконструкција на водоводната мрежа во Ново Делчево во Делчево

Печати PDF
Thumbnail image
Екипи на ЈПКД Брегалница од Делчево започнаа со реализација на проектот за целосна реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево во Делчево. Станува збор за реконструкција на водоводна мрежа во должина од 4230 метри. До крајот на месец септември 2011 година целосно ке биде реконструирана водоводната мрежа на територијата на една третина од оваа населба во Делчево, во делот на улиците: дел од улицата Орце Николов, улиците Белградска, Титоградска, Скопска, Пиринска, 19-ти Октомври, Осоговска, улицата Пијанечка како и во делот на новоизградените куќи на потегот кон градскиот стадион во Делчево.
Thumbnail image Thumbnail image
Со ова до крајот на месец септември ке биде реконструирана водоводна мрежа во должина од 1400 метри. Остатокот од водоводната мрежа ке биде реконструирана континуирано во наредниот период, најдоцна до месец април 2012 година. Со реализацијата на овој проект граѓаните на општина Делчево кои живеат во оваа населба ке добијат во огромна мера поквалитетна вода за пиење, имајки го предвид фактот дека постојната мрежа е изградена пред повеќе децении од азбест цементни цевки кои се под сите светски и домашни стандарди за употреба за водоснабдување на населението со вода за пиење.
Thumbnail image Thumbnail image
Со тоа ке се постигне задоволително ниво на квалитет на водата за пиење и ке се реши дел од овој долгогодишен проблем, што го имаат жителите на Ново Делчево, при што значително ке се подигне стандардот на живеење на граѓаните. Проектот се реализира по директна иницијатива на Градоначалникот, во соработка со жителите на населбата.
Thumbnail image
Овој проект се реализира во рамки на годишната Програма на Градоначалникот на општина Делчево, г-динот Горан Малешевски, со реализација на средства од Буџетот на општина Делчево, како и со сопствени средства обезбедени од страна на ЈПКД Брегалница од Делчево.
Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2513
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7534
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65720
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321246

Присутни online: 35
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020