Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Официјален демант на прилог на Канал 5 телевизија

Печати PDF

До

Електронските и пишувани медиуми

ПРЕДМЕТ: Демант по повод прилогот„Разочаран македонец ги повика иселениците да не инвестираат во Делчево“ емитуван на националната телевизија Канал 5 на ден 25.11.2011 во програмскиот дел наменет за вести

 

Почитувани претставници на медиумите,

Сведоци сме на континуирано подготвување на прилози на дел од медиумите во Р.Македонија каде се даваат селектирани, не целосни и невистинити информации а сите наменети против работата на градоначалникот на општина Делчево и општинската администрација. Поводите за овие прилози се јасни на делчевската јавност но не и пошироко. Имено новинарот кој ги подготвува прилозите за три национални медиуми е истиот новинар кој е мотивиран од само еден мотив: Бивш вработен во локалната самоуправа Делчево кои на заминување јавно и вети на локалната самоуправа „медиумска војна“ злоупотребувајки ја службената должност и доверената задача  од матичните медиуми.

Во последниот прилог новинарот задолжен за Делчево го достигна врвот на сите конструкции и измислени приказни со кое нешто континуирано се нанесува штета на општина Делчево. Имено во прилогот е даден Маријан Манов кој е на работа во Швајцарија а кој никогаш  нема инвестирано ниту пак имал некаков договор со општина Делчево за објект под закуп.

Преку овој демант сакаме јаввно да ја искажеме нашата огорченост од начинот на известувањето за работата на општина Делчево, сакаме да ги повикаме медиумите кои го емитуваа прилогот, новинарот и лицето кое е во прилогот и кое лажно се претставува како инвеститор, јавно пред целата јавност да излезат и да ги покажат фактите за искажаните работи во прилогот, да ги соопштат имињата на лицата кои барале рекет и сите други докази кои ги имаат и кои го поткрепуваат прилогот.

Доколку медиумите, новинарот и лицето наводен странски инвеститор не најдат за сходно да се извинат на општина Делчево за овој и за сите досега лажни прилози поврзани со општина Делчево, општината подготвува кривични пријави и за нанесената штета за угледот и работата на општината како и угледот на граѓаните кои живеат во општината.

Со почит,

Општина Делчево

Градоначалник

Горан Малешевски

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес830
mod_vvisit_counterВчера2234
mod_vvisit_counterОваа недела11742
mod_vvisit_counterПретходна недела13207
mod_vvisit_counterОвој месец33377
mod_vvisit_counterПретходен месец56202
mod_vvisit_counterВкупно2263567

Присутни online: 37
Ваша IP: 54.82.93.116
,
Денес: Ное 17, 2018