Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

ООУ Ванчо Прќе меѓу првите во имплементација на апликацијата "Е-дневник"

Печати PDF

По темелни подготовки од страна на администраторите во Основното општинско училиште Ванчо Прќе од Делчево, во соработка со одговорните лица во Министерството за образование и наука на Република Македонија, започна користењето на електронската апликација Е-дневник.

На јавна презентација пред вработените и родителите чии што деца учат во ова основно училиште, од страна на дуректорот на училиштето, беше презентиран начинот на користење на оваа апликација, како и поволностите кои истата ги овозможува. Користењето на оваа електронска алатка за наставниците во училиштето е задолжителна, паралелно со веќе воспоставениот класичен начин на водење на дневник во рамки на воспитно образовниот процес за учениците. Користењето на оваа алатка е овозможено преку интернет комуникација, така што нема никакви ограничувања од каде физички ке се пристапи кон апликацијата, со користење на интернет врска.

Родитетелите на учениците потребно е да достават стандардна е-мејл адреса на класните раководители во чие што одделение учи нивното дете, по што администраторот ке креира кориснички податоци за соодветниот родител, и истите ке му ги достави на родителот. Потоа родителот со овие кориснички податоци ке може да се најави на системот, и да ги следи секојдневно постигнувањата на неговото дете. Оценките или пак изостаноците кои се направени во даден момент, наставникот е должен веднаш да ги внесе во системот, и автоматски овие податоци се достапни на увид на родителите преку оваа апликација.  Дискрецијата и личните податоци се целосно обезбедени, од страна на апликацијата, така што родителите можат да ги видат податоците единствено само за нивните деца.

Со имплементацијата на оваа електронска алатка во голема мерка се подобрува квалитетот и ажурноста на образовниот процес, при што комуникацијата на релација училште т.е. наставник-родител е на највисоко можно ниво, што сепак не ја елиминира можноста за класични контакти помеѓу овие два фактори, се со цел за подобро и поквалитетно образование за учениците.

ООУ Ванчо Прќе е едно од двете основни училишта кое што први ја имплементира апликацијата во секојдневната училишна пракса.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес270
mod_vvisit_counterВчера931
mod_vvisit_counterОваа недела5913
mod_vvisit_counterПретходна недела5882
mod_vvisit_counterОвој месец23625
mod_vvisit_counterПретходен месец24926
mod_vvisit_counterВкупно1459933

Присутни online: 11
Ваша IP: 54.159.209.32
,
Денес: Фев 24, 2017

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.