Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Победа на КК Клубски над минатогодишниот шампион КК Вигор од Скопје

Печати PDF

Во сабота 03.12.2011 година со почеток во 18.00 часот во спортската сала на СОУ ММ Брицо во Делчево се одигра дерби натпреварот на колото за крај на полусезоната 2011-2012 во рамки на првата кошаркарска лига за жени. 

На огромно воодушевување на домашната публика која во бројка од над 600 луѓе во еден здив ги бодреа кошаркарките од делчевската екипа, резултатот на крајот заврши 81:72 во корист на домашните кошаркарки.

Во текот на целиот натпревар екипата на КК Клубски беше во резултатска предност, понекогаш со 15 поени разлика во однос на противникот, надминувајки ги кошаркарките од Скопје во секој аспект на играта. На полувреме резултатот беше 42:35 во корист на женската фаланга од Делчево.

Со овој резултат екипата на КК Клубски се наоѓа на делба на првото место на табелата за оваа полусезона на натпревари, заедно со екипата на КК Вигор со вкупно 13 освоени поени од 7 натпревари.

Прволигашките натпреварувања продолжуваат на 11.02.20114 година кога ке се одигра првото коло од втората полусезона.

Фото 1

Ванеса Василевска во изведување на слободни фрлања

Фото 2

Лефтерија Темелкова незапирлива во нападот

Фото 3

Жени Димитрова поентира

Фото 4

Проигрување меѓу Жени Димитрова и Гергана Колева

Фото 5

Тренерот Љупчо Петровски-Клубски во делба на совети

Фото 6

Играта од поле најсилно оружје на женската фаланга од Делчево

Фото 7

Ја имаше насекаде на теренот:Лефтерија Темелкова во изведување на слободни фрлања

Фото 8

Секогаш верната публика беше шести играч на теренот

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2003
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7024
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65210
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3320736

Присутни online: 47
Ваша IP: 18.232.125.29
,
Денес: Фев 26, 2020