Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа годишната средба со невладини организации во Делчево

Печати PDF

IMG 0001_resize

Според однапред планираната агенда за настанот, во вторник 06.12.2011 година во малата конференциска сала во Хотел Македонија се одржа отворената годишна средба именувана како "Можности и потреби на граѓанските организации во општина Делчево". На состанокот беа присутни повеќе претставници од граѓански организации кои работат во Делчево, како и претставници од општина Делчево, На почетокот од страна на претставниците на општина Делчево  беа образложени главните мотиви за одржувањето на овој состанок, во пресрет на усвојувањето на Буџетот на општина Делчево за 2012 година, како и механизмите за можностите за користење на буџетските сретства од страна на граѓанските организации, во рамки на спроведувањето на нивните годишни програми.

Како главна карактеристика која преовладува во методологијата за доделување на сретства од буџетот на општина Делчево, за граѓанските организации, е можноста на кофинансирање на 20 % од износот на секој обезбеден грант од страна на овие граѓански организации, од буџетот на општина Делчево, како механизам кој беше застапен и во изминатите години.

За таа цел потребно е НВО-ата од Делчево да ги достават најдоцна до понеделник 12.12.2011 година (до 15.30) часот, своите годишни програми со конкретно формулирани барања , за планирање на буџетски сретства од буџетот на општина Делчево, во пресрет на погоре посочената методологија. При тоа во рамки на буџетот ке се предвиди и одредена резерва на финансиски сретства кои ке бидат наменети за потребите на реализација на активности на граѓанските организации кои не е можно да се предвидат однапред, и истите ке бидат одобрувани, кога за тоа ке се укаже оправдана потреба, согласно разположивите можности, секако во рамки на програмските определби на општина Делчево и овие граѓански здруженија.

 IMG 0005_resize

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес974
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6654
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45535
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301061

Присутни online: 37
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020