Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Општина Делчево доби сертификат за унапредувањето на заштитата од дискриминација

Печати PDF

Во рамки на спроведувањето на проектот „Спроведување на новиот закон за антидискриминација“, општина Делчево официјално стана една од дванаесетте "Општини без дискриминација" во Република Македонија, добивајки сертификат од Министерството за труд и социјална политика при Владата на Република Македонија.

Како резултат на спроведените активности од страна на општина Делчево во соработка со граѓански организации и други институции, кои што вклучуваа, обуки за советниците во Советот на општина Делчево, за вработените во локалните институции, за образовните институции, за членовите на граѓанските организации како и други субјекти од Делчево, во голема мера се подигна нивото на сознанија за одредбите на Законот за антидискриминациј, кој беше донесен во тековната година.

 

Исто така како релативно нов концепт подетално беше елабориран пред пошироката јавност во Делчево, преку сретствата за јавно информирање, вклучувајки ги притоа и локалните медиуми, во проектните активности. Во рамки на овој проект беше усвоен и донесен ЛОКАЛЕН  АКЦИОНЕН  ПЛАН ЗА  РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА  НА   ОПШТИНА  ДЕЛЧЕВО ЗА 2012 ГОДИНА според кој во 2012 се предвидени поголем број на активности проврзани со имплементацијата на споменатиот закон.

Овој проект финансиски е подржан од страна на Европската унија, а реализиран со помош на Британскиот совет во Македонија и граѓанскиот сектор.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2193
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2193
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57297
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312823

Присутни online: 48
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020