Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Заврши изградбата на делница од колекторот на село Габрово

Печати PDF

Завршија градежните работи, со поставување на предвидените шахти на делница во должина од 1,66 км од колекторот на село Габрово. Минатата недела беа завршени сите градежни работи поврзани со реализацијата на предвидените активности за означената траса на колекторот, од страна на ЈПКД Брегалница од Делчево. Вкупниот износ на чинење на реализацијата на овој зафат изнесува 1.707.890,00 мкд без пресметан ДДВ. Финансиската конструкција е обезбедена од страна на општина Делчево преку програмата на Бирото за регионален развој во Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во износ од 1.556.720,00 мкд, а остатокот од сретствата се обезбедени од буџетот на општина Делчево како и сопствено учество на ЈПКД Брегалница.

Откако беа завршени овие градежни работи, веднаш се започна со целосна доизградба на овој колектор со доизградба на преостанатата траса на истиот. Со тоа, канализационата мрежа на селото Габрово конечно ке биде приклучена на колекторскиот систем на Делчево на реката Брегалница, и во целост ке се  елиминира долгогодишниот проблем кој што ова село го имаше со фекалиите, притоа создавајки проблеми на самиот град Делчево, бидејки сите фекалии од селото се влеваа во реката Габровчица, кој минува низ самиот град, низ повеќе населби. 

На овој начин во целост се заокружува системот на фекална канализација на ова село. Сретствата за доизградба на колекторот на овој преостанат дел од неговата траса, се обезбедени од Буџетот на ЈПКД Брегалица, како и од Буџетот на општина Делчево.

По завршувањето на оваа делница, екипите на ЈПКД Брегалница започнуваат со изградба на колекторот на село Ѕвегор и пригратската населба Ѕвегорска река, кој исто така ке биде приклучен на колекторскиот систем на река Брегалница.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2245
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2245
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57349
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312875

Присутни online: 45
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020