Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Регионална соработка за интегриран културен развој на општините во источна Македонија

Печати PDF

Во вторник 13.12.2011 година со почеток во 12.00 часот во салата за состаноци на Хотел Македонија во Делчево беше потпишан Меморандум за соработка за интегриран културен развој помеѓу општините Делчево, Македонска Каменица, Пробиштип, Штип, Кратово, Виница, Крива Паланка, Кочани и Свети Николе.

 

Потпишувањето на овој меморандум следуваше по претходна иницијатива и долготрајна координација и состаноци на центрите и домовите за култура, како и други културни чинители од овие општини,  по што произлезе текстот на меморандумот, кој беше предмет на потпишување.

Со текстот на меморандумот се уредуваат, правата и обврските на општините како меѓусебни партнери, во насока на што по ефикасна културна афирмација на цела источна Македонија, во поглед на квалитетот и квантитетот на понуда на културни програми и настани, како и еден севкупен интегриран процес на развој, подршка и менаџирање на активностите на општините во поглед на културата на овие простори.

Секако овој процес и иницијатива останува отворена за продлабочување на соработката и со други општини во Република Македонија, како и за меѓународна културна соработка и афирмација на целиот регион.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2145
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2145
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57249
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312775

Присутни online: 41
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020