Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Ке се одржи 30-та седница на Советот на општина Делчево

Печати PDF


Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 35 став 1 точка 1 од Деловникот на Советот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр.16/2006), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 22.12. 2011 година, донесе

РЕШЕНИЕ

за свикување на Триесеттата седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам 30. седница на Советот на Општина Делчево за ден  27.12. 2011 година (вторник). Седницата ќе се одржи во салата за седници на Совет во Спомен  -Домот АСНОМ, со почеток во 11.00 часот.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

 -Усвојување на Записникотод 28. и  Записникот од 29. седница на Советот на Општина Делчево

1. Буџет на Општина Делчево за 2012 година;

2. Предлог - Одлука за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2012 година;

Образлагач: Анка Христова – Раководител на Одделението за финансии, буџет, јавни дејности и ЛЕР.

3. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови  на подрачјето на општина Делчево за 2012 година;

Образлагач: Горан Петровски, Советник за урбанизам.

4. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици на подрачјето на општина Делчево за 2012 година;

Образлагач: Звонко Атанасовски,Советник за уредување на градежно земјиште.

5. Предлог – Одлука за давање согласност за употреба на името ДЕЛЧЕВО;

6. Предлог – Одлука за давање согласност за основање на Регионален одбор за управување со отпад;

Образлагач: По точките 5 и 6- Здравко Мирчевски, Секретар на Општина Делчево.

7. Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈПКД „Брегалница“ за 2012 година;

8. Предлог - Одлука за давање согласност на Одлуката  на УО на ЈПКД „Брегалница“ бр.0202-278/3 од 17.12.2011 година;

Образлагач: Николчо Николовски – Директор на ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

9. Годишен извештај за спроведување на Програмата за управување со отпад во општина Делчево за 2011 година;

10. Предлог – Програма за управување со отпад за 2012 година;

Образлагач: Kрум Николовски – Раководител на Одделението за инспекциски надзор.

11. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникотза организација и систематизација на работите, работните задачи и работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“ – Делчево;

Образлагач: Тони Иванов – Директор на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево.

12. Прашања и предлози на членови на Совет;

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

Број 07-2611/1

22.12.2011 год.

Делчево

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

 Претседател,

Николче Трајановски, с.р.

 

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2142
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2142
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57246
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312772

Присутни online: 43
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020