Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Планинарски марш за одбележување на 105 годишнината од смртта на Дамјан Груев

Печати PDF

Во Сабота на 24 Декември 2011 година во организација на Здружението на граѓани Акција за млади од Делчево и Спортско рекреативниот клуб Поп од Делчево а со подршка на градоначалникот на општина Делчево г-дин Горан Малешевски, ке се одржи планинарскиот марш "Петлец 2011". Во рамки на предвидената маршута за маршот, појдовната локација е од село Русиново-Беровско , а завршната точка е на врвот Петлец на Малешевските планини кај гробот на еден од основачите на македонската револуционерна организација, великанот ДАМЈАН ГРУЕВ. Со овој марш се одбележува 105 годишнината од смртта на овој македонски херој, кој загинал на ова место во 1906-та година.

На маршот исто така учество ке земат и повеќе спортско-рекреативни клубови и здруженија на граѓани од регионот и државата

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани од Делчево и пошироко да земат  учество во маршот и за нив, ке има обезбедено превоз од Делчево до село Русиново. Тргнувањето е од пред Спомен домот АСНОМ во 07.00 часот во саботата.

 

Богданка Анастасова

Програмски координатор

ЗГ АКЦИЈА ЗА МЛАДИ-ДЕЛЧЕВО

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1006
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОваа недела6686
mod_vvisit_counterПретходна недела17154
mod_vvisit_counterОвој месец45567
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3301093

Присутни online: 50
Ваша IP: 34.204.183.113
,
Денес: Фев 19, 2020