Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Се одржа Бизнис форумот во општина Делчево

Печати PDF

По директна иницијатива на градоначалникот на општина Делчево, во петог 23.12.2011 година со почеток во 17.00 часот во хотел Македонија се одржа бизнис форумот именуван како "Можности и потреби на бизнис заедницата во општина Делчево  за 2012 година".

 

На форумот присутни беа над 90-тина претставници на приватни компании од општина Делчево, од 120 поканети фирми и стопанственици.

Според предвидената агенда, беа презентирани Програмата за отуѓување на градежното неизградено земјиште во општина Делчево, како и усвоените детални урбанистички планови кои што општина Делчево ги донесе во изминатиот период и парцелите кои се на располагање за инвеститорите да можат да инвестираат.Своја презентација имаше и волонтерот Алистер Чурчвард од Мировниот корпус кој работи во општина Делчево , пренесувајки им искуство од САД за начинот на организирање и подобро функционирање на претпријатијата од мал и среден обем на работа, кои се основен двигател на економијата во САД. Исто така волонтерот ги презентираше некои од постоечките и потенцијални можности за обезбедување на финансии и техничка помош, како од македонски така и од странски фондови.

Кон крајот на форумот беше отворена широка дискусија помеѓу присутните, за што се поставуваа одре4дени прашања околу начинот на спроведување на Програмата за оттуѓување на градежното земјиште, како и други актуелни прашања.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2234
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2234
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57338
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312864

Присутни online: 45
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020