Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Усвоена програма за интензивно уредување на градежното земјиште во општина Делчево во 2012 година

Печати PDF

На триесеттата седница на Советот на општина Делчево која се одржа на 27.12.2011 година од страна на Советниците беше усвоена Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Делчево за 2012 година.

Во програмата се предвидуваат поголем број на активности за реализација околу уредувањето на градежното земјиште во Делчево, што претставува значително зголемување во вкупниот број на активности кои треба да се реализираат, за 2012 година во споредба со изминатиот период.

Со оваа програма доколку истата се оствари во голема мера ке се подобрат повеќе инфраструктурни состојби, во поколемиот дел на населби во градот и останати локалитети на терен. 

Обемот за работа е предвиден да се реализира за инфраструктурни проекти од областа на патната инфраструктура, водоводната и канализациона мрежа и во делот на уличното осветлување.

Главна карактеристика која е имплементирана во оваа програма се состои од фактот што оваа програма е изградена во тесна соработка со урбаните и месните заедници на територијата на општина Делчево, манифестирана преку еден подолг процес и систем за јавна, транспарентна  и реална ситуација на креирање на приоритетни проекти кои произлегуваат директно од граѓаните на општина Делчево, процес кој што беше крунисан со создавањето на Форум-от на месни и урбани заедници во Делчево. Исто така во градењето на оваа програма се земени во предвид и потребите и идните планови на претставниците на бизнис заедницата во Делчево, кои беа утврдени во директните контакти со нив од страна на градоначалникот, како и преку одржаниот Бизнис форум кој за првпат беше инициран во изминатата 2011 година.

Сите реални и оптимално остварливи иницијативи на граѓаните на општината се вклучени во оваа програма, секако имајки ги во предвид предвидените можности на општина Делчево за 2012 година.

Интегралниот текст на целата Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Делчево може да се погледне тука.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2330
mod_vvisit_counterВчера2405
mod_vvisit_counterОваа недела2330
mod_vvisit_counterПретходна недела19029
mod_vvisit_counterОвој месец57434
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3312960

Присутни online: 42
Ваша IP: 3.218.67.1
,
Денес: Фев 23, 2020