Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започнува изградба на две тениски игралишта во Делчево

Печати PDF

Во вторник 13.03.2012 година во посета на општина Делчево беа претставници на Агенцијата за млади и спорт при Владата на Република Македонија. 

Предмет на посетата беше воведување во владение на реализацијата на проектот за изградба на нов спортски терен  со две тениски игралишта во спортско-рекреативниот центар во Делчево. Притоа претставниците на Агенцијата заедно со градоначалникот Горан Малешевски, Претседателот на Советот на општина Д3елчево, Николче Трајановски и претставници на фирмата изведувач на градежните работи, ја посетија локацијата каде ке се гради теренот, за воочување на состојбата на истиот. Со тоа официјално започнува изведбата на градежните теренски работи -процес кој ке се реализира во наредните 6 месеци.

 IMG 0013_resize

Реализацијата на овој проект е започната со подготовката на техничките проекти за типизирани тениски терени за едно и две тениски игралишта, а општина Делчево доби проект со две тениски игралишта. Во архитектурата на проектот е опфатени поставување на т.н. тврда подлога за надворешни услови по стандарди на Македонската тениска асоцијација, со сертификат на Интернационалната тениска асоцијација-ИТФ. Теренот ке биде опремен со стандардната тениска опрема, и заграден со пластифицирана мрежа во висина од 3,4 м. Исто така на четирите агли ке бидат поставени челични столбови за осветлување на теренот за вечерна употреба.

Целокупната површина на тенискиот терен е 36,60X36,60 метри поставен во оска со ориентација север-југ.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2511
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7532
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65718
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321244

Присутни online: 35
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020