Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Студиско патување во Брисел „ЕУ регионална политика“

Печати PDF

Општина Делчево со свој претставник учествуваше на студиското патување во Брисел на тема „ЕУ регионална политика“ , кое се одржа во периодот 12-16.03.2012 година.

Студиското патување е спроведено како втор модул од  обуката на тема „Регионалната политика на Европската унија“, во рамки на проектот „Одржливо учење за ЕУ и систем за обука“, кој е финансиран преку билатералната помош на Република Македонија од Кралството Норвешка. Првиот модул се спроведе во периодот од 14-18.11.2011 година во Центарот за обуки при Секретаријатот за европски прашања, Влада на Република Македонија. После првиот модул имаше процес на тестирање на учесниците и беше направена селекција за учеството на вториот модул. На студиското патување имаше претставници од општините, центрите за регионален развој во Македонија, Министерството за локална самоуправа, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и просторно планирање  и Секретаријатот за европски прашања, како релевантни институции на полето на регионален развој во Македонија.

Во рамки на студиското патување беше организирана посета на низа институции присутни во Брисел: Европскиот парламент, Европската комисија, Советот на Европа, Комитетот на региони, мисијата на Република Македонија во Брисел, канцеларијата на градот Скопје и ЗЕЛС,  мисијата на Република Србија-куќата на Војводина и канцеларијата на Каталонија. Главната цел беше запознавање со нивните функции, важноста и улогата да се биде присутен во Брисел, како главен административен центар на ЕУ и втор најголем центар за лобирање во светот. Последните два дена беа наменети за презентации на различните единици во рамки на директоратите за регионална политика, вработување и проширување при Европската комисија, каде беа претставени располжливите програми, фондови и инструменти кои се користат за остварување на кохезионата политика на ЕУ. Исто така беа претставени и можностите за вклучување на нашата држава, преку ресорните министерства и општините во нивно искористување, било како директни апликанти(каде е применливо), било како партнери на институциите во државите членки на ЕУ.

Воспоставените контакти се доста корисни за планирање и спроведување на низа заеднички активности и проекти во иднина.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2533
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7554
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65740
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321266

Присутни online: 43
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020