Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Започна целосната изградба на водоводната мрежа во населба Басарица во Делчево

Печати PDF

 

Во петок 23.03.2012 година градежната оператива на ЈПКД Брегалница од Делчево започна со теренските активности за реализацијата на проектот за целосна изградба на водоводната мрежа во новата населба Басарица во Делчево.

Станува збор за поставување на околу 3 километри (3.000 метри) водоводна мрежа низ целата населба, од сите профили на големина на цевки (главно ф63), на неколку правци низ населбата. Поставувањето на оваа водоводна мрежа,  претставува основен предуслов за нормален живот на граѓаните на општина Делчево од оваа населба, со што жителите на оваа приградска населба на Делчево ке добијат чиста и според сите стандарди вода за пиење и користење во домаќинствата.

Парелелно со минатогодишното поставување на дел од канализационата мрежа, со изградбата на водоводната мрежа, чии што оскини правци на протегање се во планумот на сообраќајните артерии на населбата, се ствараат услови за етапна изградба на улиците во оваа населба, која ке се реализира во иднина. Процентот на изграденост на улиците во оваа населба е 0 (нула) исто како и водоводната и канализационата мрежа кои инклинираат кон овој процент, иако оваа населба започнува со својата експанзија на градење пред повеке од 10 години, со што граѓаните од истата се соочуваа со елементарни проблеми во нивниот секојдневен живот.

IMG 0032_resize

Во првата фаза на имплементација на овој проект веке се реализирани околу 600 метри на водоводни линии

Инвеститор за реализацијата на овој проект е Јавното комунално претпријатие Брегалница од Делчево, од сопствен буџет, како сретства предвидени во годишната програма за 2012 година.

Share/Save/Bookmark

Оваа содржина е заклучена. Не е можно коментирање на оваа статија.

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2403
mod_vvisit_counterВчера2141
mod_vvisit_counterОваа недела7424
mod_vvisit_counterПретходна недела19305
mod_vvisit_counterОвој месец65610
mod_vvisit_counterПретходен месец66761
mod_vvisit_counterВкупно3321136

Присутни online: 30
Ваша IP: 3.230.148.211
,
Денес: Фев 26, 2020