
|
|
Blogger | Dailymotion | YouTube | MySpace |

ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ САЈТ НА НАШАТА ОПШТИНА.


Доделување на парична помош на секое новородено бебе во Делчево
Почитувани,
Општина Делчево со години наназад е соочена со намалување на природниот прираст. Континуираното намалување на наталитетот претставува сериозна закана за демографскиот развој во општината и републиката. Општина Делчево е во редот на општини каде што природниот прираст е помал од 2,1 промили.
Врз основа на овие статистички податоци а водејки грижа за иднината и напредокот на Општина Делчево по иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево Советот на општината донесе одлука започнувајки од 01.01.2010 да се доделува еднократна парична помош во износ од 3.000,00 денари. Одлуката важи за секое ново родено дете чија мајка е жител на општина Делчево.
(Барањето за парична помош за новороденче во електронска PDF форма можете да го превземете тука)
Градоначалник,
Последно освежено ( Недела, 08 Август 2010 23:41 )


































































