Почитувани пријатели,
На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.
Секој посетител и добронамерник ќе има можност да се запознае со градот Делчево и општината и со она што го чини севкупното живеење на граѓаните од овој источен дел на Република Македонија.Ќе имате можност да го проследите континуираниот растеж на општината, нејзината историја и култура, нејзиното богато културно наследство, но и се она што се презема за во иднина и за подобар живот на делчевчани. Познато е дека Пијанечката Котлина од памтивек во своите пазуви криела и крие многу тајни. Во некои од нив за момент можете да ѕирнете на ВЕБ страницата, но за некои од нив ќе морате да дојдете во ова питомо градче, да го посетите и заедно со нас и жителите на Пијанец да се прошетате низ нашата општина. Се разбира, ние како добри домаќини познати по својата гостопримливост ќе се потрудиме да ви ја претставиме нашата општина во најдобро светло и да ги задоволиме Вашите барања и Вашиот интерес. Верувам дека престојот во делчевската општина на секој од Вас ќе му остане во сеќавање и секогаш со задоволство повторно ќе навраќате кај нас. Дека тоа е така, дојдете, посетете не, самите ќе се уверите во сето тоа.
Градоначалник на општина Делчево
Горан Малешевски
































Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.