Добредојдовте !!!

Почитувани пријатели,

На почетокот дозволете ми да Ве поздравам од мое име и од името на Општина Делчево и да Ви посакам добредојде на официјалниот ВЕБ портал на општината.

Читај повеќе...

Тековни конкурси

IMG 0075_resize

Средното општинско училиште Методи Митевски Брицо од Делчево објави оглас за запишување на ученици во прва година за учебната 2012-2013 година.

Читај повеќе...
 
Thumbnail image Thumbnail image  
Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево
Читај повеќе...
 
ПРОЕКТ ЧЕШМИ ВО ДЕЛЧЕВО И ДЕЛЧЕВСКО
Читај повеќе...
 

Пријавување



Делчево водич

Печати PDF
Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен дел на Република Македонија, во подножјето на планината Голак (Чавка -1524 m), непосредно до бугарската граница на оддалеченост од само 10 km. На исток е заградена со планината Влаина, на север со Осоговските и на југ со Малешевските планини.
Сместена е во котлината Пијанец и распослана по горниот тек на реката Брегалница. Поголемиот дел од населените места  на општина Делчево, се наоѓаат во Пијанечката Котлина, а помал број по разграноците на Осоговската Планина.
Општината со нејзината поширока околина се протега на следните координати: 41º 58’ северна географска ширина и 22º 46’ источна географска должина, на надморска височина од 630 метри.Високата планинска котлина Пијанец, се наоѓа на надморска височина од 576-650 m- се простира во должина на околу 15 km а во широчина 4-5 km.
На север и североисток, од коритото на Брегалница, котлината се издига со благи ридови што претставуваат врска помешу Осоговските и Малешевските планини и вододелницата на реките Струма и Вардар. Од југ, котлината е заградена со ридот Бејас Тепе, од  југозапад со планината Голак. На север во должина од 30 km постепено се издигаат голите ридчести падини на југоисточните делови на планината Осогово. Овој дел го носи името Осоговија. Преку Долините на реките Брегалница и Желевица, Пијанец на југ е поврзан со повисоката Малешевска Котлина, а на запад по долината на Брегалница со многу пониското Кочанско Поле. На исток Преку планинскиот пресек Арнаутски Гроб, Пијанец е поврзана со Благоевградската Котлина во Пиринска Македонија.
На југ се граничи со со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северо – запад со општината Македонска Каменица, а на исток и северо исток со Република Бугарија.
Климата е умерено - континентална. 
Делчево денесОпштина Делчево на југ се граничи со општините Пехчево и Берово, на запад со општината Виница, на северозапад со општината Македонска Каменица, а на исток и североисток со Република Бугарија. Општината претставува важна алка на источномакедонската магистрала, која ги поврзува сите поголеми населби во овој дел на земјата, а понатаму и со делови од територијата на соседна Бугарија. Практично, Делчево лежи на еден многу важен крстопат преку кој во напореднички правец води најкусата врска меѓу долината на реката Вардар од една, и долината на реката Струма од друга страна.
Административно гледано, градот Делчево е седиште на општината Делчево која има уште 22 населенo местo.
Општината Делчево до 1996 година зафаќаше површина од  589  km²  или 2,3 %  од територијата  на државата. Со новата територијална поделба на Република Македонија, од општина Делчево е издвоена општината Македонска Каменица, така што таа денес  зафаќа територија од  423 km² . Покрај општинскиот центар Делчево,  во општината има и 21 селска населба. По големина на територија и број на население, општината се вбројува во помалите општина во Република Македонија.
Share/Save/Bookmark

Последни статии

Објавено на 18 Мај 2012, 13.28 од Super Administrator
-24- Откако со одлука на Советот на општина Делчево, 24-ти Мај денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј беше прогласен за патрон на градот Делчево, оваа година во четврток 24.05.2012 година...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.20 од Super Administrator
2012-05-18-12-24-08 Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, а во соработка со Македонскиот олимписки комитет(МОК), Ве поканува да присуствувате на Олимписки ден во Делчево кој ќе се одржи...
Објавено на 18 Мај 2012, 13.05 од Super Administrator
--20--------136---- Почитувани, Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, во соработка со Организацијата на резервни офицери на РМ, Делчево, а по повод 136 години од...
Објавено на 18 Мај 2012, 07.00 од Super Administrator
-sea-forma-  Предмет:Доставување на одлука за стратегиска отцена и SEA forma  ДУП Делчево  за објавување Врз основа на член 65 Став (6) од Законот за животна средина  (,,Службен весник на...
Објавено на 17 Мај 2012, 11.47 од Super Administrator
2012-05-17-11-37-21 Во четврток 17.05.2012 година во работна посета на кабинетот на градоначалникот  на општина Делчево Горан Малешевски беше министерот за транспорт и врски во Владата на Република...
Објавено на 15 Мај 2012, 07.46 од Super Administrator
2012-05-15-06-57-38 Во периодот 11-12.05.2012 година општина Делчево беше домаќин на средбата „Можности за соработка и партнерства“, која беше организирана од општина Делчево, во соработка со Центарот за развој на Источен...
Објавено на 10 Мај 2012, 07.12 од Super Administrator
-9------- Во среда 09.05.2012 пред споменикот на паднатите борци од НОБ во центарот на Делчево беа одбележани 67 години од падот на фашизмот во Европа, ден кој подоцна беше прогласен за Ден на Европа. Свечената...
Објавено на 08 Мај 2012, 09.09 од Super Administrator
2012-05-08-08-28-00 Во вторник 08.05.2012 година во рамки на наставната програма на учениците од ООУ Св.Климент Охридски од Делчево, во посета на просториите на општина Делчево и кабинетот на Градоначалникот Малешевски,...
Објавено на 07 Мај 2012, 14.48 од Super Administrator
----q9--q--- Градоначалникот на Општина Делчево во рамки на програмата „100 настани за 100 години град“, Ве поканува да присуствувате на настанот организиран по повод одбележување на 67 години од победата над...
Објавено на 07 Мај 2012, 12.38 од Super Administrator
-q-q По иницијатива на Советот на станари во зграда бр.5 на улица Кеј на Брегалница, во изминатиот период беше изградена нова пристапна рампа за инвалидизирани лица, и  беше адаптиран дел од просторот...

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес90
mod_vvisit_counterВчера525
mod_vvisit_counterОваа недела2068
mod_vvisit_counterПретходна недела2382
mod_vvisit_counterОвој месец6553
mod_vvisit_counterПретходен месец11110
mod_vvisit_counterВкупно459012

Присутни online: 12
Ваша IP: 38.107.179.207
,
Денес: Мај 19, 2012

Интерактивни мапи

Плански региони во Р.М.